Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор

februar 06 2018

Еден од главните фактори за развој на граѓанското општество е финансиската одржливост, која подразбира и разновидност на изворите на финансирање на организациите. Искуствата од Европската Унија укажуваат дека граѓанските организации треба да обезбедуваат финансиски средства и од деловниот сектор и да градат партнерски однос со претпријатијата.

Цел на проектот е развивање иновативен модел за соработка на граѓанските организации со деловниот сектор. Поконкретно, ќе се изградат капацитет кај граѓанските организации да даваат услуги за сертифицирање на претпријатија за фер практики кон потрошувачите. При сертифицирањето че се зема предвид и влијанието на производите на претпријатијата врз животната средина.

Проектот ќе овозможи граѓанското општество да воспостави парнерски однос со деловната заедница, да ја зголеми разновидноста на изворите на финансирање, како и своето влијание врз спроведувањето на политиките за заштита на потрошувачите и животната средина.

3

На долг рок проектот ќе даде придонес за финансиска одрживост на НВО-ите преку понуда на услуги за деловниот сектор; ќе помогне во градење капацитети на НВОите за учество во политики кои поттикнуваат фер однесување на претпријатијата кон потрошувачите и заштита на животната средина.

Оваа седмица се одржа тродневна обука, на која партнерските организациите учествуваа преку двајца свои членови, односно тим кој ќе го спроведува проектот. На обуката граѓанските организации беа обучувани за придобивките од проектот на своите НВОи, како и придобивките на претпријатијата од овој проект. Како едукатори на оваа обука учествуваа Ристо Иванов од здружението за бизниси и консултанти „Креација“,Маријана Лончар - Велкова од организација на потрошувачите на Македонија и Александар Николов од асоцијација за развојни иницијативи - Зенит.

1

Главните придобивки за граѓанските организации вклучени во проектот ќе бидат: добивање можност да се пријават за користење грант преку проектот, ќе добијат бесплатна обука за промовирање и давање на услугата за сертифицирање на претпријатијата, ќе воспостават подобар однос со деловната заедница, ќе ја зголемат разновидноста на изворите на финансирање, ќе имаат можност да влијаат врз заштитата на потрошуваачите и животната средина.

 

Придобивките за претпријатијата: ќе бидат меѓу првите во земјата кои официјално ќе бидат сертифицирани и препознаени како деловни субјекти со фер однос кон порошувачите и животната средина, ќе стекнат дополнителна видливост преку промотивните активности во рамки на проектот и преку воспоставување регистар на сертифицирани претпријатија, ќе добијат бесплатна стручна поддршка и софтвер за спогодбено решавање на евентуални проблеми со потрошувачите и унапредување на нивното незадоволство, ќе ги намалат издатоците за глоби и судски трошоци од евентуални спорови со незадоволни потрошувачи, ќе ги разберат подобро потребите на потрошувачите и начините како да ја подобрат својата позиција на пазарот.

Репортира: Мартина Билјаровска

Камера: Благица Цветкоска

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim