Колку ги познавате вашите потрошувачки права?

mart 15 2018

Потрошувачите треба да ги добијат сите информации и да ги знаат своите права.

АГТИС спроведе анкетa „Колку ги познавате Вашите потрошувачки права?“ како составен дел од проектот  „Повеќе од лист хартија“ кој е во склоп на заедничкиот проект „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“. Анкетата има за цел да открие колкава е информираноста на граѓаните за нивните потрошувачки права и понатаму ќе се користи како средство за подигање на јавната свест за правата и потребите на потрошувачите.

Во продолжение даваме дел од анкетните резултати:

На прашањето: „Дали сте биле изманипулирани при продажбата на некој производ?“ најголем дел од испитаниците се изјаснија дека биле.

1

На прашањето: „Дали сметате дека законите се доволно добри за да ги заштитат вашите потрошувачки права?“ најголем дел од испитаниците 48,4 % сметаат дека законите се делумно добри.

 2 2

На прашањето: „Дали мислите дека институциите(инспекциите) доследно ги спроведуваат законите за заштита на потрошувачите?“ најголем дел, 39,4% од испитаниците не веруваат во системите кои треба да го имплементираат законот за заштита на потрошувачи.

 4 2

На прашањето за заштитата на лични податоци, резултатите покажаа дека голем дел од испитаниците не се целосно убедени дека нивните податоци се заштитени.

 

Заклучок:

Овие одговори индицираат на целокупната несигурност со валидноста и начините на имплементација на законите, кои се општи ставови на населението (покажано во многуте анкети). Иако знаат дека се законите донесени, што е резултат на општото подобрување на информираноста, тие исто така знаат и дека постојат институционални слабости при нивната имплементација и „обезбедување“.

Фактот дека само 12,9% од испитаниците одговориле дека сметаат дека личните податоци им се доволно добро заштитени при воспоставен трговски однос, говори за големината на таквата недоверба. Така е и со мислењето за самите институции (пазарната инспекција), кои ги обезбедуваат законите за заштита на потрошувачите, каде кумулативно („делумно“ и „не“) над 72% не се сигурни или не веруваат во институционалната заштита на нивните потрошувачки права.

Сепак, граѓаните се во недоумица дали е тоа заради квалитетот на законите или заради самите институции и обезбедувањето на тие закони (48,4% не се убедени дека се законите добри).

Одговорот од 77,4% дека тие биле измамени при купувањето на некој производ јасно укажува од каде произлегуват нивните мислења, а тоа е нивната практика, со трговците и добавувачите на услуги, што јасно укажува дека најлогична насока, во која треба да се насочат активностите се самите трговците и добавувачите на услуги, кои мораат да бидат запознати со законските обврски спрема потрошувачот.

Можеби е изненадувачки на прв поглед, но, ако се размисли ова е сосема реален одговор, кој укажува на фактот дека потрошувачот не е заштитен, кога ги троши своите пари, тој тоа го знае, затоа што е измамен, па развил скептицизам, што, секако се одразува и на неговите одговори. Трговците би требало да знаат дека ваков скептицизам се одразува на потрошувачки навики и количината потрошени пари, а со тоа и на нивната заработка.

Во Република Македонија најголем дел од правата на потрошувачите се заштитени со Законот за заштита на потршувачите но, исто така, и со одредби од други закони, подзаконски акти и правилници. Законот за заштита на потрошувачите се смета за основен закон кој ги регулира односите помеѓу индивидуалните потрошувачи и трговците кои продаваат стоки и услуги. Заштита на потрошувачите опфаќа широк спектар на теми, вклучувајќи ги и општа безбедност на производите, нечесно пазарно однесување, рекламирање на производи и услуги, и други потрошувачи / бизнис интеракции. Во Законот се утврдени правата на потрошувачот да биде информиран за условите на продажба на производите и давање на услуги како и обврските кои ги имаат трговците при продажба на мало.

Подготвила: А.С.

TEMPLEJT na makedonskomRES

 

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim