Интеграција и напредок во општеството на ромската популација
Киршан Мамудоски - извршниот директор на АНЕР „Ромска солза“ од Прилеп во интервју за Отворена ТВ - АГТИС зборуваше за моменталната ситуација со ромите.
Новата стратегија за работа на организацијата „Ромска Солза“ е подготвена во 2016 година и како стратешки приоритети се одбрани: домување, образование, вработување и човекови права. „Ромската заедница ни верува и ни ја дава целата поддршка со тоа што е директно вклучена во сите активности.
Како дел од мерките за вработување, нашата организација има акционен план за вработување 2017-2019, во чија изработка директно се вклучија граѓаните и сугестиите и препораките кои што ги добивме се составен дел од овој акционен план. Преку овој план, кој е усвоен од страна на Советот на Општина Прилеп, многу млади ги користат мерките за самовработување“ - изјави Мамудоски.
За подобрување на квалитетот на живот на ромите преземени се значајни мерки од страна на Локалната Самоуправа, ЕУ и граѓанските организации. Исто така, тој зборуваше за напредокот во полето на образованието на ромите и кои позначајни комунални зафати се направени во последните 10 години.
Иако се преземени чекори за подобрување на водоснабдувањето и електричната енергија, сепак тие остануваат како главни и поголеми проблеми со кој се соочува ромската заедница, а покрај нив тука спаѓа и социјалната ексклузија на ромите во општеството.
Новинар и фотографија: Мартина Билјаровска
Фотографиите се преземени од фејсбук профилот на организацијата "Ромска Солза"
Камера и монтажа: Благица Цветкоска