Втор дел резултати од Анкета: Колку ги познавате вашите потрошувачки права?
АГТИС спроведе анкетa „Колку ги познавате Вашите потрошувачки права?“ како составен дел од проектот „Повеќе од лист хартија“ кој е во склоп на заедничкиот проект „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“. Анкетата има за цел да открие колкава е информираноста на граѓаните за нивните потрошувачки права и понатаму ќе се користи како средство за подигање на јавната свест за правата и потребите на потрошувачите.
Во продолжение даваме втор дел од анкетните резултати:
На прашањето: „Дали можете да препознаете нефер и манипулирачко рекламирање?“ 73,5 % од испитаниците одговориле потврдно.
На прашањето „Дали мислите дека при плаќање непотребно се бара да оставите лични податоци?“ 61,8% од испитаниците одговориле потврдно.
На прашањето „Дали трговците/давателите на услуги ви ги даваат потребните информации при купување на производ или услуга?“ прилично голем дел од испитаниците 73,5% одговориле со двоумење, односно се согласија дека добиле само делумно претставување на информациите, а останатите испитаници одговориле негативно.
На прашањето: „Дали еколошки практики кои ги применува една компанија влијаат каде ќе купувате“ најголем дел од испитаниците 55,6 % се изјасниле дека им е важна еколошката практика.
Заклучок:
Овие одговори индицираат на добро познавање на навиките на трговците на пазарот, но тоа не е согласно одговорот дека испитаниците не се сигурни дека ги добиваат потребните информации од трговците и обезбедувачите на услуги, што сепак покажува на збунетост и на познавање на тесен дијапазон на своите права. Едноставно, попрецизно да ги знаеле своите права немало да бидат толку несигурни.
Високиот процент на испитаници кои препознаваат манипулативно рекламирање веројатно потекнува од високиот сетепен на дидактика која се користи во тоа рекламирање. Поинаку кажано, ниту во тоа манипулативно рекламирање - манипулантите не се вешти. Сведоци сме дека е тоа така ако споредиме коментари за одредени реклами кои се правени од пореномирани маркетинг куќи каде едноставно потрошувачите не ја препознаваат манипулацијата. Ние сметаме дека манпулациите од понизок ред не успеваат кај потрошувачите и тие ги препознаваат, и истите почнуваат да ги гледаат основните информации од декларациите на производите што порано не беше случај. Потрошувачите се едуцираат полека, но владее висок коефициент на збунетост за тоа што се нивните права и дали воошпто некој ги крши.
Од друга страна, во врска со прашањето за влијанието на еколошките практики кои некоја компанија ги спроведува при одлуката за купување, во слободен разговор со испитаниците констатиравме дека тие не знаат прецизно што се тоа еколошки стандарди, односно не се базираат на основните еколошки постулати. Мислиме дека прецизно запознавање на потрошувачите со тоа што се еколошки стандарди ќе биде следниот предизвик за организациите кои се занимаваат и со потрошувачки навики и со правата на потрошувачите.
Фактот дека голем дел од испитаниците одговориле дека сметаат дека личните податоци не им се доволно добро заштитени при воспоставен трговски однос, говори за недостатокот од стабилен и двонасочен однос на доверба помеѓу трговците и потрошувачите. Иако, во најголемиот број случаи не се бара да се остават лични податоци, а дури и да треба во Прилеп се избегнува. Остануваме на услуги на банките при плаќање на даноци и сл. Исто така, овде може да се говори за „вишокот“ податоци кои некои компании ги бараат, заради нивната понатамошна обработка во врска со испитување на пазарот. Знаеме дека овие компании бараат правилности во потрошувачките навики, односно откривање на трендови и модели и не сме сигурни колку потрошувачите ова го разбираат. Секако, овде отскокнуваат случаите каде одредени компании со цел изразување на преваленци, почнуваат да се јавуваат и да контактираат со клиенти за податоци кои клиентите ги оставиле некаде.
Подготвила: Мартина Билјаровска