Демаскирање на тутунот како показател на апсурдот и човековата глупавост

april 19 2018

Тутунот, како главно обележје на Прилеп, станува негова главна стопанска гранка со отворањето на камениот магацин во 1873 г., кога поимите „пари“ и „тутун“ биле изедначени.

 Меѓутоа тутунот, покрај финансиската целеисходност, се здобива и со научно значење преку формирањето на Институтот за тутун во 1921 кој е еден од најстарите научни институции во екс Југославија. Се произведуваат скапи семиња за тутун, со што Прилеп, некогаш центар за производство на ориентален тутун, станува центар за производство на семе за тутун.

IMG 0761

Музејот за тутун ги покрива сите манифестации на тутунот, од уметнички слики каде тој е мотив и инспирација, па до разни изработки во функција на тутунот. Музејот за тутун важи за втор по големина интернационален музеј во светот, што се должи на големиот број експонати кои им припаѓале на значајни инсториски личности, а тука се и запалките, односно кибритите, постои и библиотека на ретки книги за тутунот, меѓу кои е најстарата книга за тутунот напишана 1626 г.

 

Aleksandar 98

Музејот ја содржи и најголемата збирка на каширани фотографии на цел Балкан. Меѓу ескпонатите, интересно е да се спомнат чибукот на цар Романов, кримската лула, лулата на Ана Хабсбург, потоа индустриска збирка на експонати – 12 кутии на цигари кои го илустрираат вкусот од почетокот на појавата на индустриски експонати па досега, а тука е и лулата на Зино Давидоф, кој прв го вовел стилот на пушење цигари, потоа колекција бурмутници од времето на Катарина Медичи, експонати од Тито и Јованка Броз.

 

Сите овие експонати за уживање на тутунот го демаскираат „тутунот како показател на апсурдот и човековата глупавост“ – ќе рече кустосот на Музејот за тутун - Александар Цветкоски, бидејќи служеле за истакнување на личностите.

Новинар: Мартина Билјаровска

Фото и камера: Паре Зареска

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim