Религија во школскиот систем - Да или Не?
АГТИС има став дека верските заедници мораат да бидат најдалеку што може од школскиот систем, бидејќи сепак, Македонија е секуларна држава. Овде немаме никаков компромис.
Во продолжение, како и во рамките на интервјуто, можете да го проследите мислењето и ставот на м-р Петко Златески, професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, во однос на ова прашање.
„Она што цивилизациски било присутно милениуми, со кое право новите генерации се залагаат за негово потполно укинување“ – така професорот по Богословија ја оправдува потребата од изучување на предметот Етика во религиите во основните училишта. Ставајќи акцент на образованието како предуслов за стекнување на духовно богатство, „изучувањето на различни области, па оттука и на религијата, може само да го направи човекот поисполнет и побогат“ – истакна професорот Златески. Но истовремено укажува и на потребата од соодветна казнивост на секој политички субјект, било десно или лево ориентиран, кој ќе ја користи религијата за остварување на политички цели.
Новинар: Билјана Николоска
Камера, фото и монтажа: Ангела Талеска