Извиднички шатори Извиднички шатори Фото Божидар Цветкоски

Македонски и белгиски извидници откриваат нов културен простор

jul 27 2018

Последните неколку денови, во Вила Димкар во Прилеп, која е навистина спој на културата и природата, се одржа извиднички камп кој е поддржан од програмата Еразмус + , за размена на искуства, култура и кохезија меѓу извидниците. Организатор и домаќин на овој камп е извиднички одред „Феникс“ - Прилеп, а гости се извиднички камп од Белгија.

 

Слика 2. Вила Димкар и државни знамињаВила Димкар и државни знамиња)

„Кампот се одржува со цел да се зголеми соработката меѓу македонскиот сојуз и белгијскиот сојуз на извидници. Извидниците другаруваат, имаат заеднички активности, едноставно се вклопуваат како едно" - вели Филип Стојаноски, старешина на ИО „ФЕНИКС“ - Прилеп.

Слика 3. Филип Стојаноски старешина на ИО Феникс Прилеп

Филип Стојаноски - старешина на ИО Феникс - Прилеп

„Местово е прекрасно. Времето е исто прекрасно и е подобро од времето во Белгија. Топло е, баш убаво,“
„Најмногу ми се допаднаа планините. Ние, во Белгија, немаме планини како овде.“ - изјавуваат  извидничките белгијци.

Слика 4. Извидници од Белгија
Извидници од Белгија)

АГТИС континуирано настојува со извидничкиот метод и неформална едукација за младите да го пронајдат своето место и да го истакнат својот карактер, активно вклучуваќи се во опшеството донесувајки одлуки кои го прават светот подобро место за живеење. Извидничкиот метод е резултат на високо професионални едукативни истражувања и долгогодишно искуство.

Токму затоа, АГТИС и патролите од извидничкиот одред „ФЕНИКС“ од Прилеп работат на заеднички проект насловен како „Координати на културата”, поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, чија цел е да се промовираат значајни културни знаменитости и места во Пелагониски плански регион преку видео приказни. Воедно, младите извидници низ серија обуки совладуваат новинарски техники со кои ги градат своите капацитети и можат да дадат свој придонес кон културниот туризам преку видео записи. Сите активности и перформанси ќе бидат вклопени во видео записи за „духовно освојување на новиот простор“ во чија изработка активно ќе бидат вклучени извидниците од планирање до спроведување, глума, снимање, едитирање, монтажа, финализација.

Во склоп на овој проект, АГТИС го посети извидничкиот камп во вилата Димкар, каде што покрај одличната дружба со гостите од Белгија, го искористија заедничкото време заедно со обучените кадри од ИО „Феникс“ за да ги објаснат основите на камерата и на снимањето на гостите.

Слика 5. Сара Сурлаџиоска ИО Феникс Основи на камера

Сурлаџиоска ИО Феникс

Слика 6. Ивана Сурлаџиоска ИО Феникс Кадрирање

Ивана Сурлаџиоска ИО Феникс

Во откривањето на нови културни простори покрај Вила Димкар, АГТИС и извидничките одреди, посетија уште една „координата“ - Музејот на тутун во Прилеп. Со помош на кустосот Александар Цветкоски, извидниците  се запознаа со изложените експонати, од кои најбројни се лулите. Богатство на мотиви, орнаменти, голем дел од нив се од познати светски производители меѓу кои и оние што биле изложени на светските изложби во Виена и Париз во XVIII и XIX век. Гордост на музејот се и чубурите.  Извидниците беа благодарни што можеа да ја посетат оваа музејска збирка која е вистински празник за очите.

Слика 8. Извидници пред Музеј на тутун

Извидници пред Музеј на тутун

Слика 9. Извидниците и Александар Цветкоски кустос во Музеј на тутун Прилеп

Извидниците и Александар Цветкоски - кустос во Музеј на тутун Прилеп

Слика 10. Извидник во Музеј на тутун

Извидник во Музеј на тутун

Известува: Мартина Билјаровска
Фотогафија: Божидар Цветкоски

TEMPLEJT na makedonskomRES

Radionice

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim