Сертификат „Фер со потрошувачот“ во Македонија

avgust 17 2018

Подобрување на односот производител - потрошувач, зголемување на довербата меѓу двете страни и поголема конкурентност на компаниите на домашниот и на странскиот пазар се придобивките од добивањето на сертификатот насловен „Фер со потрошувачот“.

Проектот се одвива во сите региони во Македонија, носители се асоцијациите „Зенит“ и „Креација“ и Организацијата на потрошувачи на Македонија. Ќе го спроведуваат 11 локални невладини организации со финансиска поддршка на Европската Унија: Здружение – Институт за стратешки истражувања и едукација ИСИЕ Скопјe; Организација на потрошувачи на Битола, Институт за динамичен развој СФЕРА - НОВА; Здружение Организација на потрошувачи на Охрид; Здружение Организација на потрошувачи на Штип; Здружение на Организација на потрошувачи на Кочани; Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка на Општина Прилеп; Елипса; Здружение на новинари за човекови права Скопје; Организација ОРТ обука за одржлив развој Скопје и Центар за женски права ЕТИКА.

Галерија - Обука на граѓански организации за имплементација на проектот

2. Галерија Мартина Билјаровска АГТИС

Мартина Билјаровска - АГТИС

2. Галерија Стефан Васлилевски СФЕРА НОВА

 Стефан Васлилевски - СФЕРА НОВА

2. Галерија 1

2. Галерија 2

Според Александар Николов од асоцијацијата „Зенит“ до крајот на летото, сертификатот, во првата фаза од проектот, бесплатно ќе го добијат 46 македонски компании. Компаниите ќе добијат и софтвер за процесуирање и решавање на поплаките од потрошувачите за производите и услугите што ги добиваат.

thumbnail

 „Сертификатот „Фер со потрошувачот“  ќе го издаваат 11 граѓански организации во Македонија кои се обучени да може да проверат дали производителите ги исполнуваат критериумите. Критериумите се засновани на меѓународниот стандард ИСО 26 000 и покриваат шест аспекти на однос спрема потрошувачот. Кога потрошувачите ќе видат знак „Фер со потрошувачот“ во просториите или на производите и услугите на некоја компанија, може да бидат сигурни дека таа компанија ќе се грижи да ги заштити нивните права и доколку настане проблем при користење на производот или услугата, ќе има постапка за спогодбено решавање. Сертифицираните компании добиваат и бесплатен план за подобрување на односот спрема потрошувачите“ вели Николов.

3. Александар Николов Асоцијација ЗЕНИТ

 Александар Николов - Асоцијација ЗЕНИТ

Тој ги објасни шесте области во кои се најчести и поплаките на потрошувачите. „Главните области се: информирање на потрошувачите за производите и услугите, дали се фер договорите што ги склучуваат потрошувачите со производителите, ги регулира гаранцијата, сервисирањето и техничката поддршка и едукацијата на потрошувачите. Најголемиот број поплаки до Организацијата на потрошувачите на Македонија се однесуваат на гаранцијата на производот и сервисните услуги, проблем е заведувачкото рекламирање на компаниите кои создаваат погрешна слика за производот и услугите како и неисполнетите ветувања на туристичките агенции“ - објаснува Николов.

Ваков сертификат веќе успешно функционира во Словенија и во Хрватска, вели Мартина Билјаровска од АГТИС која е сертифицирана за спроведување на проектот во Пелагонискиот регион.

4. Александар Цветкоски

Александар Цветкоски - АГТИС, Ирена Јакимоска - претседателка на регионалната стопанска комора Прилеп, Мартина Билјаровска - АГТИС, Александар Николов - Асоцијација ЗЕНИТ

„ Замислата на целиот проект, кој се спроведува по региони во Македонија е да се подобри односот на нашите компании спрема потрошувачите, практиките да бидат успогласени со меѓународните стандарди и да се зајакне конкурентноста на компаниите на домашниот и на странскиот пазар“ - вели Билјаровска.

5. Претставување на сертификатот пред стопанствениците во Прилеп

 Претставување на сертификатот пред стопанствениците во Прилеп

6. Изјава за медиуми

 Изјава за медиуми

Во продолжение погледнете го промотивниот спот на АГТИС Прилеп за сертификатот „Фер со потрошувачот“.

 

Известува: Благица Цветкоска

Видео: Александар Цветкоски, Милан Секулоски, Божидар Цветкоски

Фото: Паре Зареска

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim