ОТВ „опасни“ репортери

decembar 14 2018

Во склоп на проектот на АГТИС: „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, финансиран од Амбасадата на САД во Македонија, младите од пелагонискиот плански регион, изминатите неколку денови имаа можност да бидат дел од „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.

Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални  и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.

Градоначалниците на Прилеп - Илија Јованоски и Крушево - Томе Христоски, кои што несебично ја дадоа својата поддршка од самиот почеток на проектот, зедоја активно учество на обуката, како и другите институционални и НВО претставници, ги поддржаа младите репортери и беа достапни за да им помогнат да ги научат како да им земат интервју. Истовремено, истите научија како достојно да ја претстават својата институција, се запознаа со младите репортери кои имаат поинаков пристап од новинарите на кои се навикнати, затоа што овие репортери најдобро си ја познаваат локалната заедница и локалните проблеми, и не се плашат да постават прашања за надлежностите кои што се сработиле, оние што не се сработиле, а требало да се сработат, како и да  побараат извршување на надлежностите во иднина, ако институциите си ја работат работата.

Пристапот кој се користи е наречен Известување на заедницата (АГТИС е единствена организација во Македонија со 5 меѓународно-сертифицирани репортери) и е начин за зајакнување на заедниците, вклучувајќи ги институционалните фактори и граѓаните.

Со цел оваа силна „алатка“ на локалната демократија да заживее и да може да влијае врз локалните рурални заедници, мора да се изгради капацитет на локалните актери и институции и свесноста да се застапуваат интересите на посебни групи корисници, каде што се соочуваме со „фактори за оневозможување“: етнички, родови и други стереотипи, недоверба, ниско ниво на доверба и разбирање на демократијата, патријархалниот систем, затворени и политизирани институции, нивниот мал капацитет да одговори на потребите на граѓаните.

Проектот е дизајниран токму во тие точки и потребата да се подигне капацитетот на општините кои можат да ја искористат оваа можност.

Во продолжение, погледнете галерија од активната обука за мало новинарство.

(Галерија)

Agtis 1412 1Agtis 1412 2Agtis 1412 3Agtis 1412 4Agtis 1412 5Agtis 1412 6Agtis 1412 8Agtis 1412 9Agtis 1412 10

Новинар: Мартина Билјаровска

Фотографија: Божидар Цветкоски

DISKLAMER OTV MAK 800

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim