Запалено возилото на новинарот Зоран Милошески во Прилеп
Новинарот и раководител на порталот ,,Публикум“ од Прилеп, Зоран Милошески, на својот Фејсбук профил објави дека час по полноќ му е запалено возилото во неговата гаража и потсети дека настанот е после една година од палењето на неговата гаража во јануари 2017 г.:
Статус на ФБ:
„Почитувани пријатели, околу 1 часот и 20 минути после полноќ, беше запалено моето возило марка „Сузуки свифт“, кое беше паркирано во гаражата. Противпожарната единица интервенираше веднаш откако соседите го виделе возилото како гори. Увид направи и екипа на Полициската станица од Прилеп. Возилото е целосно уништено.
Палењето на мојот автомобил се случи точно една година подоцна, откако во јануари 2017 година беше запалена мојата гаража. Сторителите се’ уште не се откриени
Во текот на денешниот ден преку прес конференција или соопштение, јавноста ќе биде подетално информирана за настанот. Во прилог неколку фотографии од запаленото возило….“ – објави Зоран Милошески.
Сликите се преземени од порталот ,,Публикум“
http://www.publikum.mk/nokeska-vo-prilep-zapaleno-voziloto-na-novinarot-zoran-milosheski/
Известува: Mартина Билјаровска