Жената денес
Според Светскиот економски форум (СЕФ), жените и мажите ќе имаат еднакви плати и можности за напредување на работното место дури за 200 години. Во извештајот од 2018 година се наведува дека јазот на економски можности - плати и напредување на работното место се намалил само за нијанса од истражувањето спроведено во 2017 година.
Жените сè уште заработуваат 20 проценти помалку од мажите како резултат на недоволните можност за напредување. Во политиката се забележува најголем јаз меѓу мажите и жените, се додава во извештајот.
Според родовата рамноправност, на оваа листа од регионот, Србија е на 38 место, Македонија на 66 место, Хрватска на 59, БиХ на 62, а Црна Гора на 69 место.
Меѓународниот ден на жената е светски празник што се одбележува секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20 век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
Клара Цеткин и Роса Луксембург
ОТВ мрежата која е естаблишмент поддржан од Европската Комисија, составен од 4 земји: Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора има за цел да обезбеди информативни и образовни медимуски услуги во регионот на Западен Балкан, со цел да се помогне да се обедини мултикултурното општество и да се поттикне разбирање, особено за малцинските групи и за жените и да им помогне на луѓето да најдат чувство на самопочит и мотивација.
Модерните демократии се гордеат со својот капацитет да обезбедат еднаквост за сите граѓани, без разлика на возраста, полот, религијата, етничката припадност. Но, сите општества мораат да се справат и со прашањето на родова еднаквост - што претставува еден долготраен процес. Креирањето на родово сензитивна политика најдобро се постигнува преку еднакво учество на мажите и жените во процесот на креирање на политики. Ова се поврзува со концептот на давање моќ на жените, „од долу нагоре“ (bottom-up) процес за трансформација на односите на моќ меѓу половите. Крајната цел на давањето моќ на жените е за самите жени да бидат активни двигатели на промената.
Нагласувањето на разликите меѓу правото на жените на сопственост и наследство според географијата е многу важна. Додека перцепцијата за урбаните средини е дека се далеку поразвиени, на руралните средини секогаш се гледа како на помалку „ориентални“. Онаму каде патримонијалниот систем е најсилен претпоставката е дека руралното население е помалку образовано. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека жената е подобра во поглед на терцијарните професии кои се тесно врзани со урбаните средини, додека полошо се снаоѓаат во руралните области. Според истражување од Сојузот на организациите на жените во Македонија, правата на жените на сопственост и наследство во руралните средини се на многу ниско ниво. Во руралните средини постои длабоко вкоренет патримонијален систем на вредности во кој улогата на мажот е неоспорна. Покрај тоа што доминираат во процесот на одлучување во семејството, мажите се сопственици на земјата, куќата и механизацијата.
„Новиот традиционализам“ кој произлезе по распадот на Југославија, како форма на враќање на ултра мажествената култура, како „култура на патриотизам“, ги фрли родовите права во длабока сенка. Ова е поддржано од општото намалување на вредностите и преокупирањето на медиумите со „големи приказни“.
Тука, како значаен проблем, е недостатокот на решавање на проблемите на малтретирање и миноризирање на жената, во секој поглед, од прашања за наследство на семејна сопственост, до насилство во бракот и семејството. Сепак, неуспехот на институциите и систематското одвраќање на жените да одговорат е проблем за кој не постои лесно решение.
Но, она што е основа?
Проблемот е во културата на „тишина“ на жената, која воспостави јавни модели на општествено „прифатлива жена и девојка“ според стандардите на мажите а се прифатени од жените, бидејќи во мали средини нема никаков спротивен став и дискусија.
Поради ова, главниот проблем е недостатокот на јавна дебата за родово сензитивни прашања кои би можеле да се наречат „внатрешни“ или „соседни“, кои би биле доволно видливи и евтини за да бидат остварливи и одржливи.
Втората димензија на главниот проблем е недостатокот на локални лидерки на мислење и недостатокот од јавен притисок врз институциите за заштита на правата на жените, барем за оние кои се законски кодирани.
АГТИС Прилеп, продолжува со мисијата за заштита на женските права и го започна проектот Родово сензитивна агенда преку Отворена ТВ, поддржан од Екуменска Женска Иницијатива. Проектот ќе развие процес на дискусија за јавните инструменти на стандардизирани суеверија за жени, религии, етноси и малцински статус и медиумска дисеминација на родово сензитивна агенда насочена против ограничувањето на женските права во Пелагониски плански регион. Ова ќе се постигне преку обука на постоечка мултиетничка мрежа на ОТВ репортери, кои се залагаат јавно за родови права и редовни ТВ-емитувања за таа цел, кои ќе се емитуваат на неколку социјални медиуми. Мрежата исто така ќе ги покрие тековните настани поврзани со кршење на женските права и ќе претставува општа родова агенда и ќе открие локални лидерки на мислење.
Во следните неколку месеци, АГТИС заедно со сите стејкхолдери ќе се труди за намалување на институционални, политички и религиозно-институционални пречки за целосна афирмација на жените. Сите што сакаат да се вклучат во нашите активности за подобрување на ситуацијата со правата на жените, се добредојдени.
Девојки и жени, останува уште многу работа, и мора заедно да делуваме и да се поддржуваме за нашата цел! Треба свесноста да ја подигнеме на повисоко ниво, а не да тонеме во медиокритет.
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да гласате!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да бидете сопственичка на објект!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да носите панталони!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да имате работа!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да спортувате професионален спорт!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да одите на факултет!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да си ја чувате вашата заработка!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да се омажите по сопствена волја!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да одберете развод по сопствена волја!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да служите во војска!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да читате книги!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да земете кредит!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да сведочите во ваша корист!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете да се кандидирате за политичка функција!
Заблагодарете се на борците за женски права за тоа што сте жена и можете отворено да зборувате за месечен циклус!
Честит 8. Март!
Новинар: Мартина Билјаровска
Фотографија: Божидар Цветкоски и Wikipedia