Малку техника и џогер за крвта

maj 09 2019

Реформите се „крвава работа“, само никој не ги знае. Политичарите веруваат дека реформите не можат да бидат интересни за широки народни маси, тешко се мониторираат, нивната динамика трпи многу изговори, а постигнувањето на клучните точки можат да го тегнат до сто едно и назад.

Исто така тие знаат дека ниту опозицијата нема да се фати со докажување какви се и до каде се реформите, бидејќи делат исто мислење дека се реформите непретставливи.

НВОите? Нив не можеш да ги разликуваш од политичарите, а често тоа е едно исто. Тие поинаквите, кои знаат да мониторираат, не знаат да претставуваат. Тие, кои знаат да претставуваат, работат на индустриски дизајн и ич не ги „боли“ за политика.

Значи, откако констатиравме дека

  1. Треба да ти биде работа да ја мониторираш владата и нејзините реформи (да бидеш опозиција или да најдеш странски грант);
  2. Треба да те бидува да ги сватиш намерите на Владата и да го претставиш непретставливото;
  3. Не треба да ти е страв од властите.

Така, реформите можат да се направат доволно „крвави“, да станат вест + еден џогер за крвта.

Како и кој го може тоа?

Тајната лежи во ангажираната уметност. Кај нас постои уметност, но трабантска: глумецот, режисерот, карикатуристот, драматургот... се трудат да им се набијат во задникот на тие – кои даваат пари. Улогата на уметноста е токму спротивна. Тие (така би требало) се тука да почувствуваат што се случува во општеството, да ги „фатат“, со своите истенчени чувства (затоа и студираат глума, книжевност, ликовна академија, политикологија, социологија, комуникологија, применета уметност, дизајн....) и тоа да го претстават пред јавноста на свој начин, односно со „јазикот“ на уметноста. Ако еден глумец може да претстави најсуптилни и најсложени човекови пориви, желби и внатрешно расположение, зошто тоа да не биде применето и во политиките (не во политиката, туку во владините политики – популарно наречени „реформи“).

Има тука многу материјал за перформанси во простор, глумечки перформанси, сатира, хумореска, драма, стенд – ап комедија, пародија, карикатура, постер, лифлет, драмолет, инсталации, литературни творби, студии на случаи, прикази, ТВ рапорти, репортажи (колумна, која е само една од жанровите), лажни пресови за прикажување перформанси, скриени едукации, отворени писма, лични писма, заложување авторитет, маршеви, протести, знамиња, банери, твитови, статуси, цртан филм, анимации, видео монтажи и видео колажи, филмување, напоредни истражувања и презентации, многу форми на трибини, дебати, браин сторминзи, многу форми на погледи од страна.....

Тука се ликовите на министри, пратеници, функционери, осуденици, јавни личности, експерти.... кои се веќе претворени во симболички сигнификанти на вредности, ситуации и значења. Амди Бајрам е пратеник, кој е секогаш со власта, поранешен затвореник, злоупотребувач на својот народ, храбар манипулант.... – треба да се сетиме на тоа. Самото негово појавување во друг контекст е шок методологија, после која сѐ е интересно. Такви ликови гледаме „на кило“. Зар нема нивни снимки на интернет, нивни фотографии, изјави? Тоа е доволно за да го земеш значењето, кое е слично со некое од реформскиот процес. Еве, на пример, реформите каснат како што Марко закаснил на Косово. Имаме Косово, имаме Албанци – тука е блискоста по метонија, претворете ја во блискост по значење. Тоа е процесот на уметничка креација. Замислете Игор Џамбазов како Груевски и Талат од „Преспав“ да одглумат разговор пред настаните од 27 април минатата година.... Тоа не е тешко. Замислете сега истите тие да одглумат разговор на пазарење на Заев и Ахмети околу решенијата во кривичниот законик, а ги стиска извештајот на Прибе и наодите на Европска комисија. Попатно, тие се надмудруваат за кадровски решенија и кој – каде ќе краде. Раскош од мотиви, а попатно може да се покаже дека копјата во законите се бијат околу нивното влијание врз судиите, тајните служби и стопанството.

 

Tvit slika

Александар Цветкоски

DISKLAMER OTV MAK 800

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim