Давитковски: Нема државни интереси, има партиски интереси
„Заклучокот е дека потреба од реформи несомнено постои. Реформите не се прават за влез во ЕУ, за НАТО, тие реформи се за граѓаните на Македонија. Јавниот сектор е сервис на граѓаните, правно е, но фактички, конечно во секојдневниот сектор, јавниот сектор да престане да биде сервис на властите, на сите власти, особено на Владата.
Капацитет за спроведување на реформата недостасува. Ова и Владата го призна. Јавниот сектор е чуден сектор и тој многу тешко се реформира. Тие не сакаат реформи. Ако го оставиме сам да се реформира, тоа нема да се случи. Имаме премногу стратегии, и како секоја Влада си доаѓа, нова стратегија. Има стратегии, странци доаѓаат да ги работат стратегиите, а очигледно немаме политичка волја истото да го спроведеме.
Немаме единствени ставови за државни интереси. Ние имаме партиски интереси. Тоа е многу лошио за развој, особено за јавниот сектор. Доколку позиција и опозиција за стратешки интереси не се договорат дека се тоа државни интереси, и дека во прашање е развојот на државата, тоа не може да биде. Мора да се гледа големата слика, а големата слика е државата Македонија. Партијата е во функција на остварување на овие интереси“ - вели професорот Борче Давитковски.
Изјавата на Давитковски е дел од панелот: Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?, кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.
Повеќе на видеото.
Новинар: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Божидар Цветкоски