Калајџиев: Ние очекувавме дека ќе се остави некој простор за бреинсторминг

jun 03 2019

 

„Ова што моментално е во тек, тешко и да може да се именува со збор, реформи. Ние очекувавме дека ќе се остави некој простор за бреинсторминг, да се побараат лекови за таа сериозна болест на нашето судство, која што е на некој начин, метастазирана, претпоставувам.

И како што кажува професорката Најчевска, да пронајдеме пеницилин, а ние упорно само го шминкаме. Се сложивме дека се работи за палијативни решенија, за реформски илузионизам, очекуваме законите со некакви ситни измени, да направат некоја голема реформа. Ниту пак начинот на кој што се спроведуваат реформите е инклузивен. Освен судството, реформата во обвинителството, полицијата, администрацијата, не беа инклузивни, а најмалку за тајните служби. Морам да признаам дека за најважните прашања, телата кои што носеа стратегии и планови, во суштина не донесоа одлука. Како што беше и во судството, особено во делот на СЈО, од медиуми дознавме за формирање на СЈО, за неговата трансформација во стратегијата, до ден денеска не дознав кој стои зад идејата да се трансформира на начин на кој што се трансформира, иако и тоа како и формирањето го поддржавме.

За ОТА буквално не викнаа еден викенд и ни рекоа: „Седете тука, ќе ги направиме законите“, и ни донесоја банани и ги направивме законите. Два дена, седевме јадевме банани како мајмуни - раскажува Гордан Калајџиев.

Изјавата на Калајџиев е дел од панелот: Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?, кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.

Повеќе на видеото.

 

 

Новинар: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Божидар Цветкоски

DISKLAMER OTV MAK 800

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim