Јанева: СЈО ја ужива најголемата доверба на граѓаните
„СЈО се формираше заради политичката криза која што настана заради објавувањето на „бомбите“ од страна на тогашната опозиција, а денес, СЈО како институција ја има најголемата доверба на граѓаните, и се надевам дека така ќе продолжи, бидејќи ние сметаме дека на државата и е потребна една таква институција, која ќе се бори со високата корупција која е присутна и евидентирана кај нас“ - вели Катица Јанева, СЈО.
Јанева изјави со оптимизам дека до крајот на јуни ќе биде донесен законот за јавното обвинителство. Таа истакна дека согласно Законот за СЈО, мандатот и истекува во септември, додавајќи дека доколку сега се донесе нов закон не и истекува мандатот на 15 септември.
Изјавата на Јанева е дел од панелот: Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?, кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.
Повеќе на видеото.
Прешова: Судскиот менталитет кој сите нас не кочи
Denis Preshova
„Тоа отсуство на вистинска правна култура, кога ќе се знае која е улогата на судот и на судијата во системот, очигледно е дека се уште не поминала низ оној транзициски период, немаме еден тип на ментална лустрација од тој аспект на судството, и напуштање на менталните хипотеки од претходниот систем“ - кажува професорот Денис Прешова.
Изјавата на Прешова е дел од панелот: Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?, кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.
Повеќе на видеото.
Новинар: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Божидар Цветкоски