Мери Мирческа ќе ја претставува Македонија на најпрестижната светска трка во планинско трчање во Шамони - Франција, на Мон Блан

avgust 20 2019

Мери Мирческа е наш женски планински тркач. Таа ги обожава планините и планинарењето и кажува дека незина најголема мотивација за да се занимава професионално со планинско трчање е огромната љубов кон природата.

„Наједноставно да ви објаснам, јас не можам да и се наситам на природата. Системот на планинско трчање опфаќа огромна дисцилина, посветеност, пожртвуваност и биоритам“ - раскажува Мери.

На прашањето дали овој спорт е gender friendly или родово сензитивен во смисла дали девојките се физички подготвени или се потврдува стереотипот дека спортот не е за жените, таа се шегува: „Не дај боже јас некогаш да тренирам фудбалер за кондиционен тренинг“, и додава дека „планинското трчање е gender friendly, има девојки кои се натпреваруваат во оваа дисциплина, но, сепак се е индивидуално, зависи од личноста, од посветеноста, од биоритамот итн.“

 

 

1

2

3

 

На повидок е најголемиот предизвик досега, односно Мери доби учество на најпрестижната светска трка годинава, во Франција, Шамони на Мон Блан. Оваа трка е на Aлпите во трите држави Франција, Италија и Швајцарија, а рутата на Мери е долга 171 километар, 10 километри висинска разлика.

 Рута на трчање

4 Рута на трчање

Погледнете го целото интервју во продолжение.

ЛИНК - https://www.youtube.com/watch?v=WIbvb5xZ_fM&t=12s

Новинар: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Божидар Цветкоски

DISKLAMER OTV MAK 800

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim