Јавен оглас на Општина Прилеп - 7 и пол милиони денари донации за ГО, спортски клубови и НВО

mart 07 2018

            На 05.03.2018 се одржа петтиот по ред Граѓански парламент во Локалната самоуправа на Прилеп. На овој парламент присуствуваа Претседателот на Советот на Општина Прилеп, граѓаните на Општина Прилеп и Градоначалникот на Општина Прилеп.

Точка на дневен ред беше Јавниот оглас на Општина Прилеп кој траеше од 1ви до 28ми  февруари, каде што Општината доделува 7 и пол милиони денари за донации за граѓанските здруженија, спортските друштва и клубови, како и невладините организации. Тие донации се поделени така што 5 милиони денари ќе бидат доделени на спортските организации, додека пак 2 и пол милиони денари ќе бидат доделени на невладиниот сектор. Градоначалникот Илија Јованоски истакна дека Општината добила 136 апликации за овој проект и дека начинот на распределба ќе се врши според одредени критериуми и правилник.

Opština Prilep 3

 

Во предивид ќе се земат дејноста со што се занимава организацијата, тежината на тоа што го работат и дали добиле финансиска поддршка минатата година и доколку е така во апликацијата да ја известат Општината на кој начин ги потрошиле средствата. Исто така, тој истакна дека сумата на средства која ја доделува Општината е иста како и претходната. Тој потенцираше дека висината на побарувањата на граѓанските организации согласно со поднесените апликации, била околу 32 милиони денари, што е неколку пати над предвидената сума.

Opština Prilep 1

            „Наскоро ќе биде реализиран и проектот за отворање детска градинка во ООУ „Рампо Левката“, каде ќе бидат згрижени нови 75 дечиња. Го зголемивме просторот што го користи невладината организација „Порака“. Во тек се градежните активности за инфраструктурно уредување на населбата Три багреми, а со одредени финансиски средства ќе им биде излезено пресрет на барањата на фудбалскиот клуб Победа и ракометниот клуб Прилеп, истакна градоначалникот Јованоски.

На денешниот Граѓански парламент, присутните граѓани се вклучија во дискусијата со повеќе прашања до градоначалникот Јованоски, за теми и проблеми од секојдневното живеење во Општина Прилеп.

Новинар: Мартина Билјаровска

Фотографија: Ангела Стојаноска

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim