Диксриминација на најголемото малцинство во Прилеп - Ромската популација
Дискриминација значи секое правење разлика, искористување или ограничување на луѓето врз основа на нивните колективни идентитети (пол/род, класа, етнос, сексуaлен идентитет) со што ги загрозува или оневозможува оставарувањето или заштитата на нивните човекови права и слободи.
Дискриминација е неоправдано нееднакво постапување со лица или групи по основ на: пол, раса, боја на кожа,род, припаднот на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус здраствена состојба, или која било друга основа.
Најголемо малцинство во Прилеп се ромите со 6.60% од вкупното население на градот. Дискриминацијата на ромите најчесто од страна на правни и физички лица се врши преку недозволување на користење на услуги на јавни објекти како влез во базени, локални кафичи и ресторани, спортски и рекреативни центри.
Правникот Џенгис Бериша како механизми за заштита од дискриминација ги посочи:
- Претставка до Комисијата за заштита и спречување на дискриминација;
- Претставка до Народниот правобранител;
- Судска заштита преку приватна тужба од страна на жртвата која што е дискриминирана.
"Лицата кои се жртва на дискриминација многу ретко реагираат затоа што најчесто не ги познаваат механизмите за заштита и во крајна линија не веруваат во правниот систем на нашата држава. Истo така, сметам дека начелото на рамноправно вкулучување во сите општествени текови може да се постигне со интервенција од страна на сите субјекти во општеството односно државата, граѓанскиот сектор и сите морални индивидуи." - изјави Џенгис Бериша.
Голем дел од ромите изјавуваат дека многу пати се имаат соочено со овие проблеми на дискриминација. Најчесто тоа се случувало во локалните кафичи и ресторани каде биле спречени од страна на лицата од обезбедувањето со изговорот дека е резервирано или пак дека не смеат да влезат бидејќи така им е наредено од сопствениците. Еден ромски граѓанин (кој заради оправдани причини останува анонимен) истакна дека да се почувствува тоа на своја кожа е многу болно и предизвикува гнев особено кога знаеме дека е 21 век каде државите се стремат да нема дискриминација, да владее демократија и слободно движење, тоа претставува навреда и не знае од кои причини го прават и зошто имаат такви стереотипи.
Законот за заштита од Дискриминација овозможува да се остварат правата загарантирани со Уставот на РМ и ратификувани меѓународни договори, формирана е и Комсија за заштита од дискриминација. Член 5 точка 2 од Законот за заштита од Дискриминација вели: Архитектонско опкуржување се сите објекти во јавна употреба кои се на располагање на луѓето за користење или кои се поврзани со задоволување на одредени потреби или со добивање на одредени услуги.
Новинар: Мартина Билјаровска
Фотографија: Ангела Стојаноска