Изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски-Зазо“ на Фото кино клуб „Прилеп“

mart 23 2018

Во галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“, Фото кино клубот „Прилеп“ ја одржа традиционалната изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски-Зазо“.

Јана Наумоска - фотограф и водителка на настанот, вели дека изложбата претставува заокружување на работата за минатата 2017 година, која ќе остане забележана како една од поуспешните од формирањето на клубот.

„Ова е нашата петта традиционална клупска изложба, на која што младите автори од нашиот клуб се претставуваат со свои фотографии. Имаме многу нови млади членови кои во клубот ги учат тајните на фотографијата и филмот.“ -  изјави Претседателот на Фото кино клуб „Прилеп“ Сашко Попоски.

Кирил Каракаш Колекција Светска вознемиреност RES

Кирил Каракаш - Колекција Светска вознемиреност

„Секој човек има различно око за фотографијата. Но, сепак секоја фотографија треба да исполнува некои критериуми. Во професионалната фотографија, уметничката фотографија, има поконкретни правила. Има случаи каде тие правила се кршат, се со цел да се добие уште поубава фотографија од онаа која следи правила.

Игор Стојкоски Zowi RES

Игор Стојкоски – Zowi

Фотографијата може да се направи спонтано, да биде моментална или пак да биде комплетно планирана однапред.  Според мене, како автор најважно ми е фотографијата да има некоја емоција.“ – раскажува фотографот Горан Попоски.

Јанкоски Петар Hello mat8 RES

Јанкоски Петар - Hello mat8

„Фотографијата на еден начин е пренесување на некаква приказна, на некакво чувство кое самиот фотограф го има и со фотографијата ги пренесува на гледачот. Што се однесува до клубот, заложбите на клубот се да се изградат што повеќе нови и подобри автори.“ – истакна фотографот Христијан Николоски.

На изложбата се претставија 45 автори со вкупно 60 фотографии чии дела покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот на полето на уметничката фотографија во градот.

 

Новинар: Мартина Билјаровска

Камера и монтажа: Божидар Цветкоски

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim