Законите се тесна рамка за потрошувачките навики

mart 29 2018

БМ Оил има ексклузивно право за продажба на Shell горивата во Македонија. Во однос на заштитата на животната средина, една од еколошките практики кои се спроведуваат е продавањето на кеси кои се од биоразградлив материјал.

Бизнисот со гориво е специфичен тип бизнис, со специфични клиенти кои имаат специфични побарувања. Следењето на трендовите, како и потрошувачките навики се некој репер за тоа во кој правец треба да се придвижува водењето на овој бизнис. Поради дејноста како услужна компанија, БМ Оил ги проширува своите капацитети за да им одговори најдобро на потребите на потрошувачите.

Оваа дејност има огромна законска регулатива. Дел од законите се однесуваат на ригорозноста на безбедносните аспекти, кои што апсолутно се за поздравување. Вториот дел е законската регулатива околу квалитетот кој што регулира да не се манипулира со квалитетот и со потрошувачите.

master shot 2 r

„Во нашата дејност најбитен е квалитетот на услугата и квалитетот на горивото. Цената е независен фактор од нас, затоа што во Македонија се уште функционира Законот за контрола на цена од страна на регулаторна комисија. Услугата е она што ние можеме да го надоградуваме, да го усовршуваме за самите потрошувачи да бидат позадоволни и да бидат наши редовни клиенти. Покрај тоа што продаваме гориво, ние продаваме и насмевки“  истакнува Борче Чупетрески - менаџер на БМ Оил.

 

Новинар и фотографија: Мартина Билјаровска

Камера и монтажа: Божидар Цветкоски

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim