Извидничка акција „Прилеп те повикува 2018“
Во неделата во Паркот на Револуцијата, се одржа извидничка акција, „Прилеп те повикува 2018“, во организација на домаќините од Прилеп, извиднички одред „Феникс“.
„Голем број на извидници од цела Македонија се наши гости денес. Да видиме што сме научиле,да го ставиме тоа во пракса, да се дружиме и пред се, да имаме една добра авантура.
Иако времето е какво што е, сепак ние извидниците сме цврсти луѓе, желни за авантура. Така и денеска, ќе му пркостиме на невремето, и ќе ја направиме оваа акција добра за сите и вечна за паметење“ - рече Филип Стојаноски, старешина на извиднички одред „Феникс“ - Прилеп.
Освен домашните гости, на овој настан присуствуваа и странски гости, извидници од Франција, Индонезија, кои како што кажуваат ја делат истата визија и цели на извидништвото.
Новинар: Мартина Билјаровска и Ивана Штрлеска
Фотографија: Петар Јанкоски
Камера и монтажа: Божидар Цветкоски, Александар Ристески