Прилеп - центар на пинг понгот во Македонија
Денес, во Прилеп на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ по втор пат е организиран настан по повод одбележување на светскиот ден на пинг понгот, 6 април, во организација на Пингпонгарската федерација на Македонија ППФМ заедно со ППК Младост 96, и во соработка и огромна поддршка на Македонскиот олимписки комитет МОК.
На настанот учествуваа огромен број на дечиња и љубители на пинг понгот од сите возрасти.
„ Од Прилеп се произлезени доста играчи кои со успех настапувале во нашите прилепски клубови, во странски клубови и го популаризирале градот“ - истакна Златко Рикалоски, потпретседател на Пингпонгарската федерација на Македонија.
Новинар и фотографија: Мартина Билјаровска
Камера: Билјана Николоска
Монтажа: Божидар Цветкоски