Најголемиот христијански празник Велигден

april 06 2018

Најголемиот христијански празник Велигден е црковен и народен празник, а суштината му е поврзана со идејата за воскреснувањето, присутна во индо – европските религии. Со тоа, Велигден е денот на воскреснување на Исус Христос.

Точно овој елемент го поврзува Велигден, со паганските сфаќања за преминот од зима во пролет или циклично обновување на природата. Исто така, ова го прави Велигден и црковен и народен празник, кој ги има наследено многуте обичаи од Дионизиите, словенските култови на предците, на мртвите и на растенијата, како и елементите на современост, кои се веќе „одомаќени“ и кај нас.

Астрономски гледано, Велигден е првото пролетно полномесечие и последниот ден на почетокот на пролетта, кој секогаш е во недела.

Велигден буди свечено чувство кај верниците, а неделата пред Велигден, наречена „страсна недела“ е центар на култот и народните обичаи.

Припремата за Велигден започнува со велигденскиот пост, после Проштени Поклади, на „чисти понеделник“. Постот завршува на самиот ден Велигден.

 

Новинар: Билјана Николоска
Камера и монтажа: Божидар Цветкоски

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim