Размислувај глобално - „меси“ локално

april 11 2018

Принципот на следење на светски трендови и потрошувачки навики, како и одличната понуда од 63 квалитетни производи доведе до препознатливост на Пекара „Алекс“ - Прилеп и на национално ниво.

„Подобра заработка би била доколку производите што почнале да се произведуваат на почетокот го задржат истиот квалитет и по месец, два, година. Мојата пекара опстојува 3 години, бројот на муштерии е зголемен, така што првенствено за мене е одржувањето на квалитет.“ - рече Александар Ристески, сопственик и менаџер на Пекара „Алекс“.

DSC 0093

„Мислам дека е добро да бидеш Фер со Потрошувачот, бидејќи потрошувачот е тој од кого зависам јас, односно мојата фирма. Ако потрошувачот е задоволен од она што јас му го пласирам, од квалитетот пред се, потоа, хигиената, културата на моите вработени, би одел и јас напред.

DSC 0087

 

Со ова би се намалила и нелојалната конкуренција, затоа што онаа компанија која би го имала овој амблем на „Фер со Потрошувач“ ќе биде доказ дека таа компанија достигнала нешто што е поразлично од другите компании и исполнила некои стандарди.

10985304 760953734018598 2337612845644565225 n

 

Треба да се работи на свеста на народот и да се едуцира за тоа што овој амблем значи. Верувам дека со ова ќе се зголеми и свеста кај производителите за да одат напред, да бидат во тренд со пекарството и на тој начин самите муштерии ќе можат подобро да одберат каде ќе купуваат.“ - истакна Ристески.

 

Новинар: Мартина Билјаровска
Камера и монтажа: Божидар Цветкоски

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim