Јавна благодарност од заедницата кон најзаслужните

maj 08 2018

На ден 03.05.2018 г., во големата сала на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше промовиран првиот роман на проф. Билјана Тинтоска „Овде или во Вечноста?“.

Настанот наиде на голем прием на вљубеници во пишаниот збор, посебно кај помладата популација кои сакаа да слушнат за романот првенец на Тинтоска, а читањето на делови на романот ги трогна присутните, па можеше да се забележи голем наплив на емоции, а неретко и солзи.

Публика 003

„Ова е мој прв роман. Идејата за него во мене тлееше долги години, меѓутоа еве дури сега собрав храброст, зборот созреал за да биде објавен, а настаните обзнанети. Романот обработува специфични социјални теми, човечки преживувања, специфични човечки судбини, борба за откривање на вистината, откривање на суштината на животот. Во центарот на вниманието е љубовта, во нејзината најсовршена форма. Зад сето ова стои вечниот стремеж на човекот да остави трага зад себе, да погледни зад другите, таму каде што всушност љубовта царува, каде што не умира, таму е вечноста.“ - изјави авторката на романот Тинтоска.

Фото 1 02

Издавач е „Матица Македонска“ и книгата набргу ќе се најде и на полиците на  Библиотеката за пошироката читателска публика.

Драмска секција 800

Драмска секција

Тинтоска е вљубеник во македонската литертура и јазик, а воедно е и професор по македонски јазик во СОУ „Ѓорче Петров“, ментор на драмската секција, а со литература се занимава од нејзина најрана возраст.

Новинар: Мартина Билјаровска
Фотографија: Ангела Талеска

TEMPLEJT na makedonskomRES

Radionice

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc