8. Мај - Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
На ден 08.05.2018 година Црвениот крст на Република Македонија го одбележува 8. Мај - Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина кој всушност претставува меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот.
Нивната мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без било каква дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење. Овие здруженија постојат во речиси сите земји во светот и во моментов 186 здруженија се признаени од Меѓународниот комитет на Црвен крст (МКЦК).
Црвениот крст на Република Македонија е формиран на 17 март 1945 година и е признат како национално друштво на Црвен крст од Меѓународниот комитет на Црвен крст на 01.11.1995 година, а додека пак на 27 ноември станува полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење.
На овој ден се слави силата и моќта на глобалната мрежа на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како и придонесот на нивниот персонал и околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото „СЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“.
Црвен крст и црвената полумесечина користи еден од најпознатите симболи на човекот - насмевката, која за некого претставува успешно завршена работа, но за некого значи дека постои некој кој е подготвен да помогне.
Известува: Ангела Талеска
Фото: Божидар Цветкоскич; Дел од фотографиите се преземени од страната на Црвен крст - Прилеп.