Ден пред бела ноќ - Меѓународен ден на музеите
Музејот за тутун во Прилеп е втор по големина и вредност во светот. Денес музејот поседува над 10.000 експонати, од кои 4.500 експонати се поврзани со тутунот. Во него се наоѓаат експонати од многу познати иматели во светот, како на пример, експонат од рускиот цар Романов. Лулиња, чибуци, табакери, бурмутници се дел од уникатните експонати во музејот.
„Експонатите не само што ја носат историјата на тутунот туку ја следат и историјата на Еворпа видена низ очите на тутунот. Тутунот е луксуз, а со луксузот е поврзана човековата глупавост, и ние во суштина имаме експонати кои ги демистифицираат какви се луѓето во суштина. Овие експонати не говорат за тутунот, туку за имателите, какви биле луѓето низ историјата во суштина“ - раскажува Александар Цветкоски, кустос од Музејот за тутун - Прилеп.
„Критериум за еден експонат да се најде во музејот е приказната, ако нема приказна, тој оди во депо, ако има приказна тогаш ние ја раскажуваме“ - истакнува Цветкоски.
Погледнете дел од експонатите во Музеј за тутун - Прилеп на видеото во продолжение.
Новинар, камера и монтажа: Мартина Билјаровска
Фотографија: Александар Цветкоски