Што беше прво: коњакот или еспресото?
„Приказната почнува во 1984 г. со Кафе „ГИНО“. Под киното долу, во визбите, во еден подрум. Младалачки ентузијазам, кога учевме средно во Скопје видовме нешто и да го пренесеме тука.
Почетоците, или пионирските чекори, тешки. Го донесовме првиот автомат за кафе во Прилеп. Е оти кајмак нема?“- раскажува Киро Гиноски - сопственик на првиот современ кафич во Прилеп.
„Алкохол, виски. Што е тоа? Ракија и вино, шприцер. Мораше да се сменат навиките. Бевме пионири, беше тешко. Прилепчани како прилепчани, како коњите, само напред. Но, верувам дека успеавме да им ги смениме нивните потрошувачки навики.“ - вели Гиноски.
Новинар: Мартина Билјаровска
Камера: Божидар Цветкоски
Фотографија и монтажа: Ангела Талеска