Партнерство помеѓу граѓанско општество и деловен сектор

maj 31 2018

Колку е битна соработката помеѓу граѓанското општество и деловниот сектор за локалниот економски развој?

„Пред се, она каде што треба да направиме промени е да се зголеми степенот на колетивната свест. Мора да признаеме дека општеството во кое што живееме, средината во која што работиме, институцијата, е колективна и е подеднакво битна. Нормално, и едукација во континутет. Идеите и иницијативите се многу големи и се надевам дека ќе успееме.“ - порача Ирена Јакимовска, претседателка на Управен одбор на Регионалната Стопанска комора за Прилеп и косопственичка на „Комфи Ангел“ - Прилеп.

Comfu Angel 800

„Дефиницијата во секоја наша канцеларија е дека единствен шеф во нашата компанија е купувачот и единствено тој може да ве отпушти од работа. Имено, несреќен купувач или несреќен добавувач, ние ги третираме подеднакво исто и двете структури, прават негативна реперкусија на компанијата. Дефинитивно ја поддржуваме кампањата „Фер со потрошувачот“ и ние како компанија ќе станеме дел од таа кампања, а се надевам исто и поголем дел од членките на стопанската комора ќе ја поддржат и дека ќе го донесеме на едно ново ниво односот помеѓу добавувачот и купувачот и ќе се бориме во однос на нелојалната конкуренција“ - истакна Јакимоска.

 

Новинар: Мартина Билјаровска
Камера, фото и монтажа: Ангела Талеска

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim