Со градоначалникот на Прилеп Со градоначалникот на Прилеп Фотографија: Oпштина Прилеп

Прва вечер „Пивофест 2018“

jul 16 2018

Бени и „Нон Стоп“, Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски со David Lion настапија на репертоарот на отворањето на „Пивофест 2018“  на првата фестивалска вечер.

Водители

Водители на манифестацијата на главната бина се Јана Серафимова и Ненад Георгиевски.

„Првенствено очекувам позитивна, убава енергија, за промена во оваа наша земја, очекувам убава македонска музика, многу македонски артисти, насмеани лица, очекувам една убава забава која не сме ја имале подолго. Ова ми е мене веќе трет пат на Пивофест, кој отсекогаш имал добра организација и од технички и од организациски аспект. Јас сум задоволна. Тоа што мене ми е важно е луѓето да бидат среќни и сите да уживаме во еден прекрасен настан, кој реално го заслужуваме, не само ние, туку и публиката“ – порача пејачката Дани Димитровска.

Дани Димитровска 1

Дани Димитровска 

Дани Димитровска 2

Дани Димитровска 

Бени Нон Стоп 1

Бени Нон Стоп 

Кирил Џајковски 2

Кирил Џајковски 

Градот полека се полни, што се однесува до хотелиерското сместување, капацитетите се веќе исполнети. Од организаторите на манифестацијата потенцираа дека во Паркот на револуцијата веќе се пристигнати околу 80 кампери кои бесплатно ќе престојуваат наредниве 4 денови.

Кампери на Паркот на револуцијата

Кампери на Паркот на револуцијата

„Четврта година кампувам овде. Задоволен сум од услугата, од домаќините“ - кажува еден од задоволните кампери.

Вечерва не очекува уште подобра атмосфера со настапот на: Ван Гог, Дарио, Црвена Јабука и Mossel.

 

Известува: Мартина Билјаровска

Фотографија: Oпштина Прилеп и Игор Стојкоски

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim