Ноќ на евергрини со Добрила Грашеска и Илија Чакароски

jul 23 2018

Јавен простор Прилеп претставува проба да се оживее централното градско јадро преку претставување и креирање на идејата дека јавниот простор треба да биде заедничко културно, рекреативно и социјално добро на сите граѓани; платформа за размена на идеи, мисли, искуства, предизвици, производи итн.; Јавна агора која инспирира и иницира креативност, иницијативност, одговорност, филантропија, волонтерство, инклузивност и сл.

Слика 2 Јавен простор лого

Јавен простор лого

„Ве покануваме да бидете активен дел од креативниот процес за правилно и корисно стопанисување со заедничкиот јавен простор, да се обидеме заедно да го популаризираме градот и луѓето,  помогнете ни ЈП да прерасне во концепт по кој нашиот град ќе биде претпознатлив и повторно ќе ја изгради и врати позицијата на автентично и инспиративно место за живеење, дружење и творење“ – порачуваат од Јавен простор на нивната официјална страна.

Јавен простор Прилеп е поддржан од Советот на Општина Прилеп.

Слика 3 Постер

Постер

Слика 4 Чоше Кафе

Чоше кафе

Вчеравечер, со почеток во 21 часот, кај Саат–кулата, Чоше Кафе се одржа првиот од серијата Градски концерти - Ноќ на македонски евергрини, музичко уживање и ноќ исполнета со чувства и носталгија со помош на нашите сограѓани Добрила Грашеска (вокал) и Илија Чакароски (гитара). Настанот наиде на голем одзив кај прилепчани кои барем на миг, веруваме дека успеаја да ги вратат во нивната младост, а за возврат, беа почестени со незаборавните македонски евергрини.

Слика 5 Атмосфера 1

Слика 7 Атмосфера 3

Известува: Мартина Билјаровска

Фотографија: Божидар Цветкоски и Јавен простор

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim