ОHRID CALLING 2018
Најдобрите светски диџеи, Dimitri Vegas и Like Mike, Jax Jones и Roger Sanchez и Armin van Buuren настапија на годинешното издание на музичкиот фестивал „Ohrid calling“ 2018 што се одржа од 1. до 4. август во Охрид. Ѕвездите настапија на најголемиот концертен подиум во регионот, поголем и од тој на „Егзит“, кој беше поставен на стадионот „Билјанини извори“.
На прес конференција што ја организираа Авалон продукција и општина Охрид, Илија Пиперкоски од локалната власт се осврна на значењето на овој фестивал за туристичкиот развој на градот.
„Ohrid Calling е секако важен дел и од ова лето и како дел од целокупниот проект СИТЕ ВО ОХРИД е дел од напорите да се донесат звучни имиња во градот, за да се подигне нивото на градот како посакувана туристичка дестинација и за овој нов вид - концертен туризам. Тука секако огромен дел има и самото „Охридско лето“, нашата најголема културна манифестација, но и сите оние други настани организирани од други продукции и поединци, кои сите на свој начин придонесуваат во Охрид да имаме максимална исполнетост, ноќевања, но и користење на сите оние пропратни потреби - храна, превоз, угостителски услуги и се` останато. Охрид е жив град и мора да се развива. Успехот на сезоната зависи од сите нас, од насмевката на угостителските работници, од приемот на турстите на секое ниво, од автoбуската станица, до аеродромот, до хотелското и приватното сместување, сето тоа си има свој дел во приказната СИТЕ ВО ОХРИД. Димитри Вегас и Лајк Мајк, Роџер Санчез, Џекс Џоунс и секако Армин Ван Бјурен се имиња кои би ги посакала секоја модерна туристичка дестинација и токму затоа Ohrid Calling, покрај другите, ќе биде настанот кој секако ќе даде белег и на ова лето. Она што сите мора да го знаат е дека ова се имиња кои се букираат барем една година однапред и токму затоа, ова, како прво лето на оваа локална гарнитура помина онака како што беше претходно закажано и најавено во најголемиот дел од настаните. Сакам да напоменам дека за следната сезона ќе имаме многу измени во насока на максимално продолжување на сезоната. Ќе имаме и нови имиња од делот на продукциите, музички имиња кои не биле во Охрид, локации за одржување на настани кои до сега не се користеле. За следното лето се предвидуваат сериозни измени за кои јавноста ќе биде секако навреме информирана“ – истакна Пиперкоски.
Ивана Нолчева - Авалон продукција, Денис Илиоски - Авалон продукција и Илија Пиперкоски - Општина Охрид
Според Ивана Нолчева од Авалон продукција годинешните настапи на светски познатите диџеи се интересни за луѓе од разни страни на светот кои бараат билет повеќе за да дојдат на концертите.
„Оваа година имаме водечки имиња од светската електронска сцена. Исто така имаме лајнап од десеттина светски познати артисти од САД, Норвешка, Данска, Белгија, Македонија и други. Очекуваме туристи од сите страни на светот“ – вели Нолчева.
„Покрај звукот и специјалните ефекти, настапите на диџеј ѕвездите ќе бидат пропратени и со спектакуларен огномет и пиротехника. Интересот за фестивалот е фантастичен. Оваа година за прв пат, покрај локалните продажни сервиси на карти и Балканот, за прв пат Ohrid Calling ќе се продава и на онлајн тикет сервиси во Европа“ – истакнува Денис Илиоски од Авалон Продукција.
ГАЛЕРИЈА
Сцена 1
Сцена 2
Присутни посетители
Присутни посетители
Поздрав и најава на следен Ohrid Calling
Публиката од сите страни на земјата, регионот и светот, целосно го исполни тревникот на стадионот во Охрид и прекрасно се забавуваше на музиката на van Buuren, кој се заблагодари на топлиот прием во Македонија.
Армин Ван Бјурен
Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија: Мартина Билјаровска и Авалон Продукција