„На секое дете му треба семејство“ - кампањата на Министерството за труд и Уницеф
Министерството за труд и социјална политика и Уницеф продолжува со кампањата „На секое дете му треба семејство“, која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.
Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување.
Целта на кампањата е да поттикне поддршка за алтернативна грижа за децата наспроти сместувањето во големи институции и да даде поддршка да се стави крај на сместувањето деца помали од три години во големи институции до 2020. Во моментот над двеста деца – бебиња помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство – се згрижени во големи институции во земјава.
На почетокот на кампањата во Скопје, на 1. јуни, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, порачува дека „На секое дете му е потребно семејство. Слоганот на оваа кампања најдобро го опишува процесот на деинституционализација. Термин кој е сложен и тежок за разбирање, но означува реформа која е крајно хумана и насушно потребна во нашата земја”, и додава: „Преку деинституционализацијата, до 2020 година сите деца на возраст од 0 до 3 години ќе ги извлечеме од институциите и ќе ги сместиме во мали групни домови, згрижувачки семејства или друга форма на соодветно сместување.”
Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика)
Овој пат, кампањата се презентираше во Општина Прилеп, на платото кај Градскиот саат.
Простор пред Градски саат
Градоначалникот Илија Јованоски го поздрави настанот под мотото „На секое дете му треба семејство.“ Тој ги истакна своите искрени заложби како градоначалник на Прилеп, во правец на сестрана поддршка на згрижувачките семејства во општината во рамките на надлежностите и можностите. Исто така, градоначалникот на Општина Долнени, Џемил Ќамили и градоначалникот на Општина Кривогаштани, Рубинчо Шефтероски беа присутни на настанот и ја дадоа својата поддршка за кампањата.
Шефтероски, градоначалник на Општина Кривогаштани, Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп, Олимпија Гроздановска, претставник на УНИЦЕФ
Џемил Ќамили, градоначалник на Општина Долнени)
Рубинчо Шефтероски, градоначалник на Општина Кривогаштани)
„И како градоначалник и како Општина, сакам да потенцирам дека ние сме континуирано, но и натаму ќе бидеме во контакт со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Прилеп. Целта е преку непречена соработка, поддршка и помош во рамките на нашите надлежности и можности на Општината, да го олесниме функционирањето на најблагородните семејства. Општина Прилеп и преку Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата, се грижи за правилен раст и развој на дечињата. Апелирам да го дадеме нашиот придонес, да ја демонстрираме хуманоста за доброто на сите деца“, порача градоначалникот Јованоски.
Директорот на МЦСП - Прилеп, Живко Силјаноски, акцентираше дека Прилеп е меѓу градовите со голем број згрижувачки семејства.
Живко Силјаноски, директор на меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Прилеп)
„Вечерва сме домаќини на овој настан, на оваа кампања. Ние прилепчани сме хумани луѓе, имајќи предвид дека 20 семејства, имаат згрижено 34 дечиња. Имавме и две здруженија, кои згрижуваа деца и разменуваа и споделуваа искуствени знаења“, истакна Силјаноски.
Овој прекрасен настан го збогатија со игри и песни, дечињата од градинката „Али Чаир“. Дел од изјавите кои ги дадоа неколку граѓанки кои што веќе имаат згрижено повеќе дечиња:
„Во овие 16 години имам згрижено 8 деца, од кои пет се веќе кај родителите. Во моментот имам две деца на возраст од 9,5 години и 7,5 години“ - рече Ацка Божиновска.
Ацка Божиновска)
“Во 17 години имам згрижено три деца. Ги зедов мали, едно на 4 години, едно на 8 и третото на 12 години. Девојчето заврши основно училиште, моментално е втора година во Штип и е одлична ученичка“ - кажува Весна Димоска.
Весна Димоск
Кампањата досега опфати 28 градови во државата, а ќе заврши во Демир Хисар. Целта е поголема сензибилизација на граѓаните, за што повеќе згрижувачки семејства, а што помалку деца без родителите, оставени во институциите.
„Целта на оваа кампања е да се поттикне свеста кај граѓаните, дека на секое дете кое е без родителска грижа му е потребно семејство. Досега имаме многу јавувања во кол-центарот и секој ден расте бројот на граѓани што покажуваат интерес за згрижување деца. Ова ни дава поттик за понатаму“, изјави Шпреса Саиди, претставник на МТСП.
Шпреса Саиди, претставник на МТСП)
„Можам да кажам дека сме презадоволни од кампањата. Веќе поминавме 28 градови и досега имаме 270 јавувања на заинтересирани граѓани, кои би сакале да станат потенцијални згрижувачи. Целта на оваа кампања беше и да се запознае јавноста, дека само семејно згрижување е она што е потребно за правилен развој на децата“, рече Олимпија Гроздановска, претставник на УНИЦЕФ.
Олимпија Гроздановска, претставник на УНИЦЕФ)
Заложбите на Министерството и Владата се, да обезбеди услови за да може секое дете без родителска грижа во земјата, да расте во безбедна и грижлива семејна средина. Тоа се постигнува преку вложување во превентивни активности и поддршка на биолошките семејства, развивање нови форми на згрижување и проширување на мрежата на згрижувачки семејства, инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за грижа, преку нивна стандардизација и вложување во рана детекција и рана интервенција на тешкотии во развојот кај децата.
Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија: Божидар Цветкоски и Општина Прилеп