Големо и мало новинарство

septembar 17 2018

Во склоп на проектот „Рурално мало новинарство преку Отворена ТВ“ , поддржан од Американската амбасада во Македонија, АГТИС започна со видео спотови за „скроена“ обука.

„Скроената“ обука опфаќа широк спектар области: користење на информатичката технологија во новинарството и известувањето, мобилно новинарство, видео застапување; организација и надлежности на локалната самоуправа, како и локалните одделенија на државните институции, методи и техники за следење на етничките, верските, родовите, здравствените, младинските и социјалните прашања и следењето на остварувањето на правата на посебните целни групи, техники за подигање на јавната и институционалната свест за маргинализираните и стигматизирани заедници и поединци, луѓе со лесен ментален и психолошки хендикеп, лица со посебни потреби, здравствени загрозени граѓани, невработени, со цел средините да се претворат од „оневозможувачки“ во „овозможувачки“ средини.

Првиот видо спот е насловен, „Големо и мало новинарство“. Новинарството, вообичаено се поврзува со „големите“ настани: политика, партии, државни теми, вести за познатите и славните, дневни вести, институции, нивни акции, големи настани од светот на бизнисот, регулацијата на бизнисот, промени итн..

Но, што е со секојдневните приказни на малиот човек, малата општина, руралната општина или локалните институции? Зар не вреди да се даде во медиум нечија животна приказна?

Кој ќе почне да ги менува работите? Кој ќе ги менува штетните навики? Кој ќе алармира за некаков криминал, сеча на шума, загадување на руралната средина? Кој ќе најде експерт да процени какви ѓубрива користиме и дали тие не трујат?
Заради тоа, постои новинарство за мали приказни. Девојки и момци од кои можат да известуваат за многу нешта, кои им се интересени во селата, градовите, што се случило, како се случило, зошто не се случило, кој е одговорен за тоа. Овие репортери можат многу да се најдат во малите рурални општини и да бидат центар за менување на своите места. Тие можат да ги рушат локалните заблуди, празноверија, штетни навики. Тие можат да започнат теми за разговор, да го снимаaт мислењето на граѓаните и да го дадат во медиум, па потоа, никој не може да рече „јас не знаев“.
Што е разликата меѓу нас и класичен медиум?
Класичните медиуми даваат само вести и малку забава, пренесуваат од „големите вести“ и толку.  Нив им е битна веста – она што се случило денес.
Вистински медиум е истражувачки. Покажува и она што се случило и она што не се случило, а требало да се случи и она што ќе се случи, ако сработиме.

ВИДЕО

Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија, камера и монтажа: Раде Дамјаноски

TEMPLEJT na makedonskomRES

 

 

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim