Новинарот го застапува граѓанинот
Во склоп на проектот „Рурално мало новинарство преку Отворена ТВ“ , поддржан од Американската амбасада во Македонија, АГТИС започна со видео спотови за „скроена“ обука.
Вториот видео спот е за надлежностите на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) и на локалните испостави на централните институции зошто не ги исполнуваат,. Поимот „застапување“ е сличен како со адвокатите. Одите на адвокат и тој вас ве застапува пред суд. Но, кој ги застапува граѓаните? Општите интереси на граѓаните ги застапува општината, институциите и државата: води евиденција, даночна евиденција, катастар, полиција, одржува јавен ред и мир, ги информира граѓаните, собира смет, гради патишта, канализации, домови на култура и планираат за иднина.... Дали тие си ја работат работата како што треба, дали работите имаат некој приоритет или „ги тресат од ракав“, дали правилно го трошат буџетот за да не застапуваат сите нас? За да одговориме на ова прашање, ние формираме политички партии, кои на избори даваат понуди до граѓаните, а овие ги гласаат. Партиите потоа, спрема нашите гласови, ја превземаат власта за да не застапуваат сите нас. Но, истите луѓе од партиите се оние, кои се на власт! Ете, тука е застапувањето, кое ќе го вршат руралните репортери. Тие, во име на граѓаните ја проверуваат работата на функционерите и ја известуваат заедницата. Потоа, тие прашуваат заради што нешто што е ветено во изборната кампања – не се случува, но и повеќе: Тие им дават теми и им ги претставуваат проблемите и на заедниците и на властите и даваат граѓански мислења по одредени теми - на властите, за овие да се подзамислат и да не речат „Ние не знаевме“. Руралниот репортер ќе седне со некој стручњак и овој ќе каже зошто нешто не се случило – што требало да се случи.
За да можеш да правиш убави прилози, видео застапување, документарци…истражувачки приказни…мораш да знаеш што прашуваш и како да прашаш.
Општината си има свои надлежности. Не можеш од градоначалникот да бараш да вработува. Не е тој биро за невработени или фабрика, па ајде, ќе примаме работници. Тој си работи по закон за локална самоуправа и новинарот треба да го подпрочита. Таму пишува што му се надлежностите. Има општината и свој буџет, што сама си го собира. Еве, како на пример, данокот на имот, некои казни, што издале нешто под закуп, што издаваат некои документи. Главно, не многу, ама заработува, става во буџетот.
Закон за локална самоуправа
Закон за финансирање на ЕЛС
Во законот пишува убаво кои се надлежностите: култура, патишта, чистење, ѓубре, спорт, рекреација, даноци, услуги за граѓаните…. Така и се делaт парите во буџетот. За ова има олку, за она има толку, за култура има, на пример… 1 милион. Малку, ама има. И секој може да праша: „Градоначалниче, дај да видам што има во годишниот план за годинава?“ Го има и на веб. Мора, со закон e регулирано за да се објави. Треба да се објават и седниците од Советот на општината, тендери, одлуки… Па, те се зголемувале, те се намалувале цени на услуги… те ќе се муабетело за ДУП – ови и ГУП – ови…
Ама, нема време народот да чита се. Еве види. Затоа се новинарите. Тие треба ем да причитаат – ем да прашаат, ако нешто не е јасно, ако е нешто сомнително, ако парите од еден сектор се префрлиле во друг.
Гледај што се случи, гледај.
Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија, камера и монтажа: Раде Дамјаноски, Божидар Цветкоски