Македонска кујна – Како да научиш да ја сакаш културата

septembar 18 2018

Културата е систем од вредности и тие вредности ја прават различна во различни земји, a како составен дел на една култура е секако, и кујната. Па, секој народ може да се пофали со својата традиционална автентична кујна.

Замислете си сега дека имате на гости човек од Ирска и сакате да го запознаете со традиционалните специјалитети на Македонија. Што ќе му понудите? Тавче гравче, мусака, полнети пиперки, ѓувеч, пити, пача, ајвар, летна манџа?

Македонската традиционална кујна не е широко распространета во светот, ама тој што ја пробал еднаш, побарал барем рецепт од специфичните, уникатни вкусови, за да ги пренесе понатаму или да си ги подготви дома.

Ако прашате странец што дошол во Македонија што ќе издвои како карактеристика на земјава, освен гостопримството на народот и природните убавини, нема да ја заобиколи ни македонската традиционална храна која е колоритна комбинација на влијанија од Медитеранот и Блискиот Исток. Благодарение на сонцето и плодната почва, македонската храна е богата со вкусови, а климата е совршена и за одгледување на исклучителна палета на вина.

 

Ракија и шопска салата

2. Шопска салата со ракија 

Шопска салата со ракија

 

3. Казан за варење ракија

Казан за варење ракија

 

Во Македонија, традиционалната ракија е лозовата ракија со процент на алкохол помеѓу 40 и 60 проценти. Особено позната и популарна зачинета ракија е мастиката или узо која содржи анасон и има сладок вкус, а е карактеристична за јужните предели на Македонија и Бугарија и Грција. Друга позната зачинета ракија е т.н. пелинковец кој содржи пелин и има горчлив вкус.

Ракијата обично се конзумира во друштво и секогаш со мезе. Ниту еден вистински македонски ручек не почнува без чашка ракија и салата. Краставици, домати, сирење, маслинки, сето тоа зачинето со малку маслиново масло, сол и бибер се одличен почеток на богатиот ручек.

 

Тавче гравче

4. Тавче гравче

Тавче гравче

 

Не постои човек што не е воодушевен од богатиот вкус на гравот подготвен на традиционален начин, како што тоа го правеле и вашите прабаби пред многу, многу години.

 

Ајвар

5. Aјвар

Ајвар

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Македонија. Тој се припрема на традиционален начин, на отворено, пиперките се печат на шпорет на дрва, и тоа најчесто во почетокот на есента. Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, за да може полесно да се излупат. Потоа, пиперките се лупат, се отстрануваат семките и се собираат во мрежести вреќи и обично стојат цела вечер, за да се исцедат од сокови. Следниот ден, тие се мелат и се ставаат на тивок оган во големи шерпи за да се пржат.

 

5.1. Пржење на ајвар

Пржење на ајвар

 

5.2. Печење пиперки за ајвар на шпорет на оган

Печење пиперки за ајвар на шпорет на оган

 

Ајварот е постојан дел од зимницата која ја подготвуваат домаќинките зашто најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината, а и мора да признаеме, е превкусен.

Во склоп на повеќегодишниот проект „Музеите во училиштата или училиштата во музеите“, во соработка со НУ Завод и Музеј учениците во Прилеп учеа за културата, обичаите и традицијата.

Погледнете го видеото на учениците за македонската традиционална кујна.

Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија: Википедија, АГТИС архива – Паре Зареска
Камера: Дарко Катушев
Монтажа: Раде Дамјаноски

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim