Прилозите се за публиката, рекламите се за спонзорите

oktobar 03 2018

Во склоп на проектот „Рурално мало новинарство преку Отворена ТВ“ , поддржан од Американската амбасада во Македонија, АГТИС започна со видео спотови за „скроена“ обука. Петтиот видео спот е за таргет групата за која се насочени прилозите.

 

Многу одамна, некоја телевизиска пауза за реклами би била најавена со зборовите: „А сега, неколку зборови од нашиот спонзор“. Спонзорите се компании кои плаќаат за да се рекламираат нивните производи. Иако‚ неколкуте зборови „од нашиот спонзор“ станале поплава, спонзорите сѐ уште ги финансираат вестите и медиумите за разонода — телевизијата, списанијата, весниците и радиото. Според тоа, спонзорите се обидуваат да манипулираат со она што ќе се појави и она што нема да се појави во медиумите.

Не постои ТВ прилог за сите. Прилог со „двојна“ цел е секогаш неуспешен. Не за шефот и читателот, не за девојката и за читателот, не за градоначалникот и гласачите. Само за едни. Публиката е господарот. Често, ТВ прилозите се направени за да им се допаднат на спонзорите. Публиката тоа го сеќава, и го казнува, гледаноста и рејтингот, почнуваат да одат по надолна линија. Спонзорите си имаат реклами. Нека си платат.

Прилозите се за публиката.

 

Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија, камера и монтажа: Раде Дамјаноски, Божидар Цветкоски

TEMPLEJT na makedonskomRES

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim