ОТВ - Прва медиска заедница на западен Балкан
Целта на денешната средба во просториите на АГТИС, е доделувањето на дипломи на учесниците кои успешно ја завршија новинарската школа во склоп на проектот „Отворена ТВ“, а воедно, и премиерно прикажување на документарен филм за Прилеп, во изработка на ОТВ Тим АГТИС.
Во изминатите 11 месеци, АГТИС учествуваше во регионалниот проект „Формирање локален непрофитен медиум Отворена ТВ - ОТВ“ заедно со 3 организации од земји од регионот: Медиски истражувачки центар - Ниш, Србија, СПОНА - Беране, Црна Гора, КВАРТ - Приједор, Босна и Херцеговина. Според Европскиот форум на медиски заедници 2012, мапирани се вкупно 521 телевизиска станица на заедницата кои се активни низ цела Европа. Но, сепак во многу европски земји - главно во Источна Европа - медиумите на заедницата не постојат или сè уште се сметаат за дел од приватниот комерцијален медиумски сектор. Затоа, беше формирана Првата медиска заедница во источен Балкан.
Целта на проектот е вмрежување на невладиниот сектор и медиумите, за пообјективно информирање на граѓаните во локалната заедница и заштита и унапредување на човековите права, односно воспоставување на трет медиумски сектор, кој одлично функционира во западните и развиени земји.
Околу 400 прилози се резултат на овој проект, како и 4 документарни филмови.
Веб платформата е достапна на следниот линк - https://www.mic.org.rs/otvorena-televizija
ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ГРАДОТ ПОД КУЛИТЕ - ПРИЛЕП
Погледнете го видеото на Канал Визија
Известува: Мартина Билјаровска
Фотографија: Александар Цветкоски
Камера и монтажа: Раде Дамјановски