Колку е вистина она што го кажува Владата?
„Колку е вистина она што го кажува Владата, дали ние страдаме од недостаток на политичка волја, или пак страдаме од невештост. Гледаме многу технички работи не функционираат, и затоа сакавме преку овој проект да ги видеме детските болести на демократијата. Затоа и направивме анкета со која сакавме да испитаме дали има некакви нови вредности. Ме радува фактот дека многу од анкетираните (иако имаше и многу одбивања) имаа емотивен пристап на истражувањето. Знаете, вие ги прашувавте граѓаните, но тие не веруваа дека нештото е важно, бидејќи нештото нема да се промени. Сега веруваат, па дури се лутат и се караат со анкетарите. Тоа е еден ангажиран пристап кој го немаше до пред 2 години, и мислам дека нивото на надеж е подигнато кај општата популација“ - кажува Александар Цветкоски.