Експертски панел: „Судбината на реформите во време на политичка криза“

oktobar 30 2018

АГТИС го организираше експертскиот панел „Судбината на реформите во услови на политичка криза“, кој е дел од проектот „Детски болести на демократијата“, финансиран од НЕД.

Целта на овој проект е: да ја зголеми одговорноста, транспарентноста и реформската насока на владата, напоредно со зајакнување на општите знаења за реформите, нивните причини, актери и „мерење“ на политичката волја.

На панелот беа претставени најважните резултати од анкетата на АГТИС за истражување на ставовите на граѓаните околу реформите и неколку кратки тематски воведи за онгоинг реформите (студии на случаи), проследена со дискусија за повеќе аспекти на реформите кај нас, кои се одвиваат во услови на постојана политичка криза, наплив на политички настани, кои длабоко ја тангираат судбината на земјава и предизвикуваат висок набој кај граѓаните, хранејќи го понатамошното поларизирање по политички преваленци.

2. Анкетни пити 1

Анкетна пита 1

2. Анкетни пити 2

Анкетна пита 2

Се разбира, во сета оваа политички кризна ситуација, политичка волја да се спроведат планираните реформи е секогаш под знак прашање. Во таква поларизирана ситуација, „пожарните потези“ на донесувачите на одлуки ги надминуваат, па дури и девастираат планираните реформски потези, со што се смалува предвидливоста на резултатите. Од една страна слушнавме за недостаток на капацитет, за недостаток на политичка волја, од друга, за намерни блокади на поединечните реформски потези.

Тоа го отвори прашањето дали се реформите воопшто можни, како заради политички опортунитет, така и заради потребната општествена енергија, но не постои друг разумен одговор освен потврден, па, се јавува новото прашање: Како да се спроведуваат реформи во услови на политичка криза?

Панелот проба да одговори како да се реализираат реформи во услови на политичка криза, не само заради минатите, туку и заради очекуваното продолжување на постоечката, која ќе кулминира во секој случај. Во тој гап ќе биде изгубена и она малку енергија, која е произведена со реформските брендови „3-6-9“ и помалку познатата „Блу принт“. Дизајнот на модели и стил на реформи, кој би се одвивал во таква констелација би биле од помош за владата и јавноста.

На панелот беа присутни професори од универзитети, експерти вклучени во реформите, поранешни високи функционери, претставници од НВО секторот.

 

AGTIS 97

Мери Младеновска, Александар Цветкоски

AGTIS 96

Наташа Габер-Дамјановска, Сефер Тахири, Беса Арифи, Вања Михајлова

AGTIS 95

Никола Дујовски

AGTIS 98

Вања Михајлова, Арта Билали, Милчо Велјаноски

AGTIS 99

Борче Давитковски, Сашо Орданоски, Ана Павловска-Данева, Никола Попоски

 

Новинар: Мартина Билјаровска
Фотографија: Филип Стојаноски
Камера и монтажа: Раде Дамјановски

 

DISKLAMER OTV MAK 800

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim