Мобилно новинарство
Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ.
Пристапот кој ќе се користи е наречен Известување на руралните заедници и ќе биде начин за зајакнување на руралните заедници, вклучувајќи ги институционалните фактори и граѓаните. Во рамките на овој проект, младите репортери ќе пренесуваат теми, кои се корисни за населението и на тој начин ќе развијат свесност кај населението, но и гледаност на ОТВ. Сепак, со цел оваа силна "алатка" на локалната демократија да заживее и да може да влијае врз локалните рурални заедници, мора да се изгради капацитет на локалните „играчи“ и институции и свесност за најранливите групи. Со тоа, ние и самите локални заедници ќе се соочат со "факторите за оневозможување": етнички, родови и други стереотипи, ниско ниво на доверба и разбирање на демократијата, патријархалниот систем, затворени и политизирани институции, нивниот мал капацитет да одговори на потребите на граѓаните.