„Љубов низ рамките од тутутнот“
Во народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, пред преполна сала беше одиграна претставата „Љубов низ рамките од тутутнот“ на учениците – членови во драмската секција на СОУ „Ѓорче Петров“, по сценарио на почесниот член на драмската секција, Филип Стојаноски.
Ментор на драмската секција е професорката по македонски јазик, Билјана Тинтоска. Преставата е микс од интриги, инает, љубов, борба, викотници, брканици, песни и љубовни рецитали. Драмата е напишана според славните Шекспирови, Ромео и Јулиja. Додека оваа романса се случувала во Верона, во далечна Италија, и во Прилеп се случиле Ромео и Јулија, ама на прилепски начин. Две фамилии, Тепајмајковци и Колимагаревци, кои ги делела само градскатa река, биле смртни непријатели.л Тие држече толку лутина што и нивните магариња од ист извор вода не пиеле. Но, сето се променува кога Александра, ќерката едника од Колимагаревци, во еден кафиќ на забава ќе го запознае Стефан, син еднинец на Тепајмајковци. Додека Александра ја изведува песната „Always“, Стефан се заљубува во неа. Искажувајќи го рециталот “Дојди, и патецот да ти е замрсен, и елекот расплетлан, дојди“ од Десанка Максимовиќ ја зацврстуваат нивната љубов, која се распламтува како оган во нивните срца. Љубовта е толку силна, што Стефан, прескокнува и ѕидови само да ја виде и слушне својата Александра. Но, во своите домови, ситуацијата е друга. Рампо Колимагаре, таткото на Александра има други планови, сака да ја омажи за Ѓорѓија, дојденик од Германија кој се занесува дека шеф, а е обичен работник. Слично нешто се случува и во домот на Тепајмајковци. Киро Тепајмајковски го тера Стефан да се ожени со Мара, девојка од богата фамилија, која се занесува дека е гулабица, а пее како страчка.
И двајцата одбиваат и бараат излез од овие матни води. Така замислени еден покрај друг, додека во позадина се пее песната „Лутка“ изнајдуваат решение. Решението е градоначалничката на градот. Само таа може да ги закопа завоените секири меѓу семејствата.
Стефан и Александра се договараат и бегаат од домовте, оставајќи писмо со кое ја кажуваат нивната одлука. Читајќи ги утрото писмата, двете семејства ги собираат своите луѓе наоружани до заби, да ги спреча,т и едни со други да се борат. Таман во моментот пред да започне битката, во последен момент доаѓа градоначалничката која ја смирува ситуацијата и ги ги смирува двете семејства. Денот се смета за празник Прилеп, бидејќи Тепајмајковци и Колимагаревци наместо душмани, станаа сватови.
Преполната сала во народниот театар, имаше прилика да биде сведок на среќен крај на прилепските Ромео и Јулија.
Новинар и фотографија: Мартина Билјаровска