Филип Панчевски триумфираше на Меѓународниот отворен турнир во забрзан шах

novembar 07 2018

Во рамки на одбележувањето на 3. ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, Шаховскиот клуб „Прилеп“ организираше Меѓународен отворен турнир во забрзан шах.

Во конкуренција од близу 150 учесници од повеќе држави, меѓу кои, сите македонски репрезентативци, во машка и женска конкуренција, Филип Панчевски  од ШК Алакалоид успеа да го земе првото место.

Турнирот се вбројува во календарот на Шаховската федерација на Македонија и се бодува на Светската рејтинг листа на ФИДЕ .Шаховскиот клуб  „Прилеп“ се натпреварува во Првата лига во организација на Шаховската Федерација на Р.Македонија.

Панчевски беше втор играч од пријавените според рејтингот (2535), при што успеа да освои 7,5 поени од 9 партии, совладувајќи ги сите македонски играчи со кои се сретна, а имаше само три ремија, вклучувајќи го во последното коло дуелот со најсилниот по рејтинг, хрватскиот велемајстор Анте Сариќ (2563). Ждрепката сакаше да се избегнат со прилепскиот велемајстор Звонко Станојоски, кој ја предводи листата на играчи од второ до десетто место со по 7 бода, при што Станојоски (2446), исто така член на ШК Алкалоид, ја доби наградата за второто место според „тај-брејк“ правилата, пред интер-мајсторот Борољуб Златановиќ од Србија (2502).

Панчевски во декември  во Скопје, ќе се натпреварува на Европското првенство во рапид и блиц и како што кажува и самиот тој, смета дека првото место во оваа конкуренција на меѓународниот турнир, ќе му даде самодоверба за претстојното првенство.

2. Отворање на турнир

Турнирот беше свечено отворен од страна на градоначалникот Илија Јовановски, со поддршка на локалните компании кои ја помогнаа организацијата на турнирот. 

2. Галерија шахисти 1

2. Галерија шахисти

2. Галерија до 12 години

 

Новинар: Мартина Билјаровска
Фотографија: Преземени од Нема спорт без дерби.

DISCLAMER OTV NOVI 800

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim