И.О. Феникс во соработка со АГТИС за прв пат изработија извиднички филм: ЕКСПЕДИЦИЈА НОВ ПРОСТОР

novembar 09 2018

Вчеравечер, во просториите на Кино Мис Стон во Прилеп, пред полна сала, премиерно беше прикажан филмот „ ЕКСПЕДИЦИЈА НОВ ПРОСТОР“.

Филмот е дел од проектот на АГТИС во соработка со Извиднички одред „Феникс“,
со наслов „Координати на културата - откривање нов културен простор“, финансиран од Министерство за култура на Р. Македонија. 

Целта на овој проект е да развие нови културни простори од самата средба на културата и извидниците, базирана на културни, културно – амбиентални и еколошко – естетски премиси. Подетално за проектот можете да погледнете на веб страната на АГТИС - https://agtis.org.mk/koordinati-na-kulturata/.

AGTIS 098

Последниве неколку месеци, АГТИС заедно со патролите на извидничкиот одред посетија различни места низ пелагонискиот регион и тоа го документираа и искористија за сценарио за извиднички филм, во кој тие сакаат да ја воведат мисијата „култура“, како иден интерес на извидниците. Во тој поглед, тие нашата култура од сите видови (од споменици на културата, па до елементите на недодирливата култура) ја толкуваа спрема своите знаења и интереси.

Така, оваа „средба“ е исткаена како феномен на културниот туризам и на новото разбирање на културниот простор, како креативен простор, во кој енергијата на младите постигнува нова  култивација.

AGTIS 095

„Мислам дека имаме многу убав производ, пред се, производ кој никогаш не е снимен во Македонија. Мислиме дека ова ќе биде голем потенцијал за понатаму, да се претстават извидниците пред светот. Сакам да им заблагодарам на извидниците за нивната посветеност, кои навистина пожртвувано и многу стрпливо не истрпија до крај, затоа што овде не беа само извидници, беа и глумци во исто време, се грижеја за опкружувањето и за претставување на културата на еден специфичен начин “ - рече Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.

ВИДЕО - линк од премиера

Целиот филм можете да го погледнете на следниот линк 

 

Новинар: Мартина Билјаровска
Фотографија: Љупче Ристески
Камера и монтажа: Раде Дамјановски

DISKLAMER OTV MAK 800

 

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim