Видео репорти на младите од ОТВ теренската мрежа на репортери

decembar 27 2018

Во склоп на проектот на АГТИС: „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, финансиран од Амбасадата на САД во Македонија, младите од пелагонискиот плански регион, имаа можност да бидат дел од „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.

Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални  и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.

Пристапот кој се користи е наречен Известување на заедницата (АГТИС е единствена организација во Македонија со 5 меѓународно-сертифицирани репортери) и е начин за зајакнување на заедниците, вклучувајќи ги институционалните фактори и граѓаните.

На централниот тренинг кој продолжи со „Виртуелно студио“ со поддршка од тимот на АГТИС, младите репортери успеаја да ги совладаат основите на новинарството, како и техничка обука за припрема на еден прилог, снимање, монтирање и едитирање и изготвија нивни видео репорти. Овие репортери ги искористија институционалните и НВО претставниците кои беа присутни на заедничка сесија на обуката и им направија интервјуа, со претходно истражување за работата на институцијата, односно, невладината организација или здружение, припремија прашања за кои што добија одговор, а институционалните и НВО претставниците имаа можност да ја претстават работата и надлежностите од делокругот на нивната работа.

Слики од обука 1Слики од обука 2Слики од обука 3Слики од обука 4Слики од обука 5Слики од обука

 

 

Во продолжение, погледнете неколку од видео репортите на теренската мрежа од репортери на ОТВ.

Прилог 1 ОТВ - За единствената институција која располага со сите податоци во текот на животот на еден човек

Линк - https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10156989038707299?__tn__=-R

Прилог 2 ОТВ – Новинарството треба да покаже што се случило зад затворени врати

Линк - https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10156989169017299?__tn__=-R

Прилог 3 ОТВ – Крушево: Отчетност, транспарентност и решавање на локални проблеми

Линк - https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10156989285082299?__tn__=-R

Прилог 4 ОТВ – Катастарски услуги, папирологија, процедури и колку чини сето тоа

Линк - https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10156989339272299?__tn__=-R

Прилог 5 ОТВ – Кои се предизвиците на кои треба да се работи во Крушево?

Линк - https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10156991480837299?__tn__=-R

Прилог 6 ОТВ - Од лекар до градоначалник - дали лекарите ќе ја излечат општината?

Линк - https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10157007430337299?__tn__=-R

Прилог 7 ОТВ – Новинарството е давање завет за одговорна работа

Линк -  https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10157007454687299?__tn__=-R

Прилог 8 ОТВ - Кои се проблемите на кои се работи во Општина Долнени?

Линк - https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10157007475147299?__tn__=-R

Прилог 9 ОТВ – Локален економски развој во Крушево и акциони планови: колку се спроведуваат?

Линк - https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10157007637582299?__tn__=-R

Прилог 10 ОТВ - Најава за формирање економско социјален совет во Прилеп

Линк - https://www.facebook.com/otvprilep/posts/10157007764927299?__tn__=-R

 

Новинар: Мартина Билјаровска
Фотографија: Мартина Билјаровска и Божидар Цветкоски

 

DISKLAMER OTV MAK 800

baner

Saint Art Designs / Web Development

Saint Art Designs / Web Development

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim