Идентитетот не може да биде предмет на преговори

februar 02 2018

Кратко по завршувањето на прес конференцијата на Димитров и Нимиц и изјавите на шефот на македонската дипломатија станаа прва и централна тема во Грција.

По разговорите во Скопје околу проблемот со името, медијаторот Метју Нимиц телефонски или на средба во Солун, ќе го извести грчкиот преговарач Василакис за средбите со македонскиот државен врв, објави грчката државна телевизија ЕРТ, кусо откако заврши заедничката прес конференција на Димитров и Нимиц.

Грчките медиуми, во извештаите по средбата на Никола Димитров и Метју Нимиц, акцентот го ставаат на изјавите на шефот на македонската дипломатија дека сме Македонци и зборуваме македонски и дека ако се допре идентитетот, нема решение. „Бомби“, „торпедо“, „ракета“ се зборовите што грчките новинари ги користат за да ги пренесат ставовите на министерот за надворешни работи.

Кратко по завршувањето на прес конференцијата на Димитров и Нимиц и изјавите на шефот на македонската дипломатија станаа прва и централна тема во Грција, јавува дописникот на МИА од Атина.

Prilog 21

Идентитетот не може да биде предмет на преговори бидејќи не е предмет на одлука, тоа е резултат на историски процес. Тоа прашање е многу поголемо и од мене, и од преговарачите, и воопшто целата генерација на денешните политичари, па веројатно и на идните. Така што ако дојдеме до таа точка за решение каде треба да се допре до идентитетот, за жал нема да има решение. Меѓутоа, ќе биде многу жално ако две европски држави во 2018 година не се доволно големи ова да го препознаат.

Ова го истакна шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на заедничката прес-конференција со медијаторот Метју Нимиц, одговорајќи на новинарско прашање дали покрај за името, се разговара и за промена на идентитот.

Димитров изјави дека станува забор за исклучително важно прашање за граѓаните на РМ и се следи со големо внимание и загриженост.

- Ние имаме целосно разбирање за тоа. Сакаме ова прашање да се реши на начин што и кај нас и во Грција ќе се смета за достоинствен. Имаме разбирање за граѓаните на Грција кои се идентификуваат како Македонци, но во Европа во 21 век не само нашите соседи во Грција туку никој не може да го допре и нашето право да бидеме Македонци и да зборуваме на македонски јазик, кој е во групата на словенски јазици, рече шефот на дипломатијата.

Нимиц изјави дека досега не чул ништо од грчката страна што би значело порекнување на идентитетот на народот во Македонија.

- Бидејќи го покренавте прашањето за идентитетот, не сум чул ништо од грчката страна што би значело порекнување на идентитетот на народот тука, и верувам дека решението кое што е можно е конзистентно со зачувувањето па дури и јакнењето на идентитетот. Јас сум многу оптимистичен. Во овој контекст има разлики во ставовите меѓу двете земји во ставовите, меѓутоа во Атина не сум чул порекнување, негирање на идентитетот, посочи Нимиц.

Prilog 23

Според него, Владата во Скопје е сосема квалификувана, компетентна да го зачува идентитетот на народот.

- Мислам дека народот во државава не треба да се грижи за тоа дали има влада која се грижи за нивниот идентитет. Во контекстот на ОН се јавуваат прашања како што е дефиниција на јазикот, дефиниции коишто се користат во меѓународни рамки.  Луѓето, народот се грижи дека ова е аспект  прашање кое што го засега идентитетот. Некои од тие прашања се предмет на дискусија. Верувам дека идентитетот на народите во светот го дефинираат самите народи. ОН работат со држави во однос на тоа како се употребува името на државата во ОН не се расправа за тоа како се идентификуваат и не се расправа за идентитетот, рече Нимиц.

Репортира: Мартина Билјаровска

TEMPLEJT na makedonskomRES

Povezani članci

  • Kuda ide Makedonija

    Ka “severu”, naravno, jer “severno” znači “zapad”. Ostavite kompase i busole, neċe vam pomoċi u orijentaciji, jer ne znate gde  ćete stići.

  • Oдбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз Тито

    Денес, во ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп се  одбележа 115 годишнината од смртта на Гоце Делчев, со положување свежо цвеќе на споменикот на револуционерот Гоце, каде почит му оддадоа бројни делегации: од Општина Прилеп, Советот на Општината, прилепската организација на Сојуз на борци, политички партии и граѓани.

  • Визија со решетки

    Петар Јанкоски - фотограф од Фото кино клубот „Прилеп“  како претставник од СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ - Прилеп освои второ место за најдобра арт фотографија на манифестацијата  „Образовно рандеву 2018”.

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim