Визија со решетки

april 30 2018

Петар Јанкоски - фотограф од Фото кино клубот „Прилеп“  како претставник од СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ - Прилеп освои второ место за најдобра арт фотографија на манифестацијата  „Образовно рандеву 2018”.

Оваа манифестација се одржа на 20 и 21 април 2018 г. на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проект на Младинската Aсоцијација на Средни Стручни Училишта во Македонија - МАССУМ.

На „Образовно рандеву 2018” учествуваа 43 средни стручни училишта од Македонија кои се натпреваруваа во 18 категории. Покрај натпреварувачкиот тематски дел, средношколците имаа можност да ги претстават своите образовни профили пред академската и деловната заедница, од кои добија информации и препораки за донесување на одлуки за нивното понатамошно образование и кариерен развој.

МКДR

Вториот ден од настанот, по завршување на официјалните натпревари во 18 категории на победниците им беа додели награди. На учениците кои освоија прво место Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје им додели ваучери за студии.

МАЗУТR

Јанкоски е средношколец во СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ - Прилеп на графичка струка и се занимава со фотографирање скоро 2 години.

2 место Визија со решеткиR

Покрај фотографијата, негово хоби се боречките вештини и читањето на стрип и манга.  

Петар ЈанкоскиR

Фотографиите за „Образовно рандеву 2018” се црно бели, затоа што „во тој момент моето лично мислење и интуиција налагаа овие слики да бидат направени во монохром. Драмата на сликите е зголемена со изборот за ваквиот нивен приказ во црно бело. Елегантно и едноставно. “ - вели Јанкоски.

 

Известува: Мартина Билјаровска

Фотографија: Петар Јанкоски

TEMPLEJT na makedonskomRES

Povezani članci

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim