Oдбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз Тито
Денес, во ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп се одбележа 115 годишнината од смртта на Гоце Делчев, со положување свежо цвеќе на споменикот на револуционерот Гоце, каде почит му оддадоа бројни делегации: од Општина Прилеп, Советот на Општината, прилепската организација на Сојуз на борци, политички партии и граѓани.
„Ние преку нашите генерации ја спроведуваме на дело Гоцевата мисла: го разбираме светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - рече директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Веле Ѓорѓиоски.
„Во името на локалната самоуправа и на Советот на Општина Прилеп сакам да го честитам денешниот патрон празник на ООУ „Гоце Делчев“. Гоце Делчев е
еден од најголемите македонски великани во борбата на македонскиот народ.
Денеска се навршуваат 115 години од неговата смрт. Денеска одбележуваме и два други
настани, смртта на Пере Тошев, великан кој потекнува од Прилеп и 38 години од смртта на Јосип Броз Тито. Сите тројца се великани, луѓе кои што дале значаен доприонос и нивните мотиви, идеали треба да ни бидат мотив и пример, ние, како идни генерации да го дадеме нашиот придонес за иднината“, порача Миле
Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп.
„Гоце Делчев и Пере Тошев се идеолози и револуционери кои ја даваат сржта на револуционерната борба“ вели Љупчо Попоски, член на организација на борци Прилеп.
Новинар: Мартина Билјаровска
Фотографија: Билјана Николоска