Меѓународен карневал ПРОЧКА 2018 Прилеп
februar 19 2018
На прилепскиот карневал околу 1.000 маскирани лица во поединечни и групни маски на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ блеснаа со своите креативни маски и автентична кореографија.
Манифестацијата „Прочка 2018“ се одржува по 17-ти пат. Оваа година, градот беше домаќин на домашни и странски гости од регионот, од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија и Албанија.
Карневалот заврши со вечерна забава под маски со цел прогласување на најдобрите маски на кои им беа доделени парични наград и и дипломи.
Репортер: Мартина Билјаровска
Фотографија: Божидар Цветкоски