Претставување на Македонија во поинакво светло

februar 13 2018

 

Патувањата овозможуваат уживање во слободата, запознавање различни светови, луѓе и култури. Секоја земја има со што да ги привлече туристите, но не секоја умее на креативен начин да го направи тоа.

Македонија нема исклучителни успеси на тоа поле, но затоа има амбициозни луѓе кои сакаат да ја направат таа трансформација. Еден од нив е Милан Велески, магистер по туризам и професионален туристички водич, кој го промовира туризмот во Прилеп, Македонија и регионот.

Туризмот е една од најважните гранки во Република Македонија, економски исплатлива дисциплина која може да допринесе за проширување на репутацијата на земјата и нејзиниот препознатлив карактер. Туризмот е претставителен фактор што создава работни места, директно и индиректно влијае врз намалување на иселувањето во државата и создавање нови работни места и перспективи. Исто така, туризмот придонесува кон зголемување на толеранцијата помеѓу народите во соседството, а со тоа може да биде и фактор кој ги зголемува можностите и шансите за меѓусебно разбирање и почитување.

1 Саат кула Прилеп

„Потребно е да се создадат регистри на активни туристички работници и да се координира пристапот помеѓу соодветните актери во туризмот пред потенцијалните инвеститори, властите и културните институции. Македонија и региониот имаат повеќе проблеми со кои се соочуваат,  како проблеми од инфраструктурен карактер, недоволно изградени и репарирани патишта, а со тоа се губи динамиката и уживањето при туристичките патувања на посетителите од странство, со што се намалува крајниот ефект на нивната посета во Македонија“ - рече Велески.

Паралелно со инфраструктурата, проблеми се загаденоста и нехигиената во повеќе региони во земјата, претежно депонии и нелегални места за исфрлање отпад. Проблеми има и со самите туристички работници, поради нивната некомпетентност и недоволни знаења, недоволно познавање странски јазици, што е круцијално во претставувањето на правилната историја, правилните етнолошки и културни богатства на земјата.

3 Охридско езеро

Многу посетители се за прв пат во Македонија и често ја имаат само како дел од нивното патување, затоа мора да се искористат тие неколку дена, а некогаш и неколку часови за правилно претставување на земјата и без ориентација само на историски факти, туку создавање приказни кои би ја оживеле таа историја и би ја довеле во современ контекст.

Не треба да се биде етноцентричен туку етно-ориентиран во претставата на Македонија пред странските туристи“ - заврши Велески.

Новинар: Мартина Билјаровска

Камера и фотографиа: Благица Цветкоска

 TEMPLEJT na makedonskomRES

Povezani članci

  • „Сите на велосипед“ - Одбележување на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

    Во Прилеп се одржа традиционалната манифестација „Сите на велосипед“ по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Манифестацијата е во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училишен спорт на Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, под покровителство на Општина Прилеп.

  • Oдбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз Тито

    Денес, во ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп се  одбележа 115 годишнината од смртта на Гоце Делчев, со положување свежо цвеќе на споменикот на револуционерот Гоце, каде почит му оддадоа бројни делегации: од Општина Прилеп, Советот на Општината, прилепската организација на Сојуз на борци, политички партии и граѓани.

  • Визија со решетки

    Петар Јанкоски - фотограф од Фото кино клубот „Прилеп“  како претставник од СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ - Прилеп освои второ место за најдобра арт фотографија на манифестацијата  „Образовно рандеву 2018”.

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim